Како Русинките одат по мраз во високи штикли?

Legion Media
Сите имаат некаква претстава за страшна руска зима, но дали имале можност да ги видат храбрите руски убавици како ги забиваат во мраз потпетиците високи и по десет и повеќе сантиметри? Убавината не признава никакви ограничувања. Руските жени сакаат секогаш да бидат елегантни. Како им успева да одат на високи штикли, а притоа да не паднат и да не се повредат?

Рамнотежа 

Руската зима подразбира и многу снег. А, кога патеката е нагазена се претвора во вистинско лизгалиште по кое може тешко да се чекори. Особено на високи потпетици и по нагорнина. ‘Рбетот држете го право и пренесете ја тежината од потпетиците на прстите, велат експертите. Движете се полека, но уверено.

Вежбање, вежбање и само вежбање

Некои руски жени сметаат дека одењето на високи потпетици назима е посигурно од одењето во рамни обувки. Зимските обувки мораат да имаат макар мали потпетици, пишува една учесничка на форум. „Потпетиците можат да се закопаат во снегот и даваат стабилност“. 

„Јас едноставно не знам како да одам по мраз без високи потпетици“, се согласува друга жена. „Штиклите се одлична замена за крампони“.

За да одите уверено морате да вежбате. Ако не сте сигурни дека можете да излезете на мраз, земете часови. Најпрво обидете се со потпетици високи 5-7 сантиметри. По неколку седмици вашите нозе ќе зајакнат и ќе можете слободно да се движите.

Стилот на прво место 

Лоши патишта? Тротоарот исчезнал под снегот? Тоа не е причина жената да не мисли на својот изглед. „Носам штикли 20 години и не признавам ништо друго, налето или назима“, вели една Русинка. „И ниту еднаш немам паднато!“ 

Правете се дека сè е онака како што сте планирале 

Што и да се случи, правете се дека токму тоа сте го планирале. „Еднаш видов една девојка како оди на високи потпетици по мраз. Го држеше момчето цврсто за рака, и само тоа ја спасуваше да не падне“, читаме на еден женски портал. 

„Јас носам само штикли“, се сложува друга жена. „Ако се случи да паднам, се правам дека токму тоа сум сакала да го направам“. 

Станете и продолжете да се движите

„И меѓу нас: девојки, ако сте решиле да го нагазувате мразот со штикли, нема да ви биде лошо и половина шише вино. Подобро луѓето да мислат дека малку сте испиле, одошто дека не знаете да одите“, советува еден маж на женски Интернет-форум.

Бонус

Ви претставуваме една жителка на Тољати која не само што оди на високи штикли по снег и по мраз, ами носи и летни фустани на -20 степени Целзиусови и тврди дек не знае што е тоа настинка. А, што ако е таа вистинската Елза од Замрзнатото кралство? 

Доколку сте љубопитни во врска со модата и со високите потпетици дознајте и зошто Русинките сакаат да носат штикли.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња