По силните снежни врнежи минатата ноќ, московјаните се разбудија како во некоја сцена од Нарнија - главниот град изгледа како зимско чудо. Малку е задоцнето: многумина го чекаа ова уште од почетокот на декември.
Се разбира, социјалните мрежи беа бомбардирани со слики на улици, дрвја и автомобили покриени со белата прекривка од чистиот снег. Од друга страна, времето предизвика огромни сообраќајни метежи во главниот град – но, кому му е гајле кога местото изгледа толку убаво.