Зошто московјаните му се радуваат на снегот кога ќе го покрие нивниот град?

Виталиј Белоусов/Sputnik
Без снег за Нова година и Божик, како и без силни мразеви во Москва, жителите особено му се израдуваа на првиот обилен снег.

Московјаните често сакаат да се жалат: премногу сообраќај, високи цени, преполн центар, жешко лето или премногу дожд (лете). И, сигурно, зимата е нешто поради што половина од нацијата паѓа во депресија.

Она што изненадува оваа сезона е дека првиот обилен снег падна во  Москва дури при крајот на јануари. За време на викендот на 20-21 јануари градските улици конечно станаа бели, и иако е тешко за верување – на нерасположените московјани всушност тоа им се допадна!

„Ова е зимата што ја сакам“, беше од најпопуларните наслови на „Инстаграм“ додека луѓето објавуваа фотографии со снег – играње со снежни топки, возење санки и секакви други активности во снегот.

Досегашниот рекорд оваа зима беше 20 сантиметри високи снежни наноси, што е доволно дури и најмрзеливите да излезат од дома и да си ги протегнат нозете надвор. Додека возачите на автомобили продолжуваат да се жалат - еден човек не можеше да си го пронајде автомобилот прекриен со снег - други го поминаа викендот следејќи ги машините за чистење на снег кои се движеа по градските улици. Овие возачи на јавните комунални служби веројатно беа среќни што конечно можеа да имаат вистинска зимска работа.

Да прошетаме низ белата Москва од бајките, што ќе ве натера да ја засакате зимата и снегот колку што Русите ги сакаат (во умерени дози).

Што е подобро од возење на санка со еден коњ? Можете да уживате во такво нешто без да го напуштите градот - во паркот Коломенское.

Најголемото лизгалиште во Европа, сместено во паркот од советско време ВДНХ, беше преполно.

Како и сите локални паркови.         

Правење Снешко е она што секое дете во Русија учи да го прави уште од раѓање.

А кога сте тинејџер, задолжително е да направите снежен замок!

Додека повеќето Руси не ги сакаат часовите по зимски спорт на училиште (затоа што мораат да одат надвор со скии), некои кога ќе пораснат тоа го прават доброволно.

Можеше да се вози сноуборд насекаде. Патем, дали знаете дека Москва ја нарекуваат „град на седум ридови“, исто како Рим?

Без коментар. Руси се лизгаат со руски автомобили.

Секое ритче или навев во дворот веднаш станува популарно лизгалиште.

Во советско време ако немавте соодветна ледјанка (сината направа што ја вози момчето) или санка, лесно можевте да го употребите вашиот ранец или парче картон.

Велосипедите не се нешто што често се гледа на руските улици во зима. Но, некои луѓе имаа снежно маунтин бајк искуство.  

Додека московјаните уживаат во „пријатните“ температури од -10 Целзиусови степени, погледнете како сибирските девојки ја покажуваат својата замрзната шминка на -47 Целзиусови надвор.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња