Постои анегдота за тоа како еден странец ја доживува руската клима. Странецот пишува писмо дома: „Додека траеше 'зелената зима' беше некако подносливо, но кога дојде 'белата зима“ стана навистина тешко...“
Ова, секако, не значи дека во Русија ќе смрзнувате 365 дена во годината. Климата зависи и од регионот во кој се наоѓате. На пример, во Сочи дури и во февруари температурата не се спушта под -6°C.
Сепак, ако се најдете на место како што е Јакутск (8.300 километри источно од Москва) каде климата е неспоредливо немилосрдна, очекувајте во февруари да се соочите со температура од -33°C. Тоа, пак, не е причина да не ги посетите таквите места. Важнo е само добро да се подготвите за руската зима. Еве како се прави тоа.
Можеби советот е банален, но не смееме да го запоставиме. За да се борите со студот, морате да бидете топло облечени, особено ако доаѓате од земја во која луѓето не се навикнати на студени зими.
Ако е навистина студено, облечете се во слоеви: ѕиври, поткошула, блуза џемпер и зимска јакна. Не заборавајте капа, шал и ракавици (ракавиците со споени прсти се секако потопли).
Секогаш бидете облечени во зависност од вашите планови. Ако одите на театар и не очекувате да поминете повеќе од пет минути надвор, ѕиври и поткошула се навистина непотребни.
Доколку сте тргнале да ја покорувате руската зима ќе ви требаат јаки чевли со дебел ѓон кои не пропуштаат вода. Исто така, мислете и на тоа дека на улица е многу лизгаво, така што дебелиот ѓон ќе ве чува од паѓање.
Ако надвор е -30°C, а вие сте добро облечени, вашето лице е сепак под удар на студен ветар и потребна му е заштита. Со цел ветрот да не ви ја оштети кожата се користат специјални кремови кои штитат од студ. Корисни кремови се оние на база на масло, додека хидратните кремови само ја влошуваат ситуацијата.
По бескрајната зима сите, секако, се радуваат на пролетното сонце. Штом снегот и мразот почнат да се топат, расположението се подобрува. Но, бидете внимателни зашто тоа е време кога опасните зашилени мразулци, тешки како мечеви на средновековните витези паѓаат од покривите. Одете подалеку од фасадите на зградите.
Зимата не е вистинско време за диети. Зимската диета со помалку витамини и физичка активност може да биде причина за настинка. Но, тоа не значи дека треба да се фрлите на благо, на масна и друга штетна храна. Најдобро е да се јаде супа со овошје, суво овошје, мед и секој ден по една лажичка рибино масло. Тоа ќе ви даде доволно витамин Д, кое секако ви недостасува поради отсуството на сончеви зраци.
Иако некои Руси ќе ви советуваат од време на време да се напиете неколку чашки вотка за да се загреете, тие се лажат дека тоа помага, така што не дозволувајте да ве прелажат. Сè што може да ви даде алкохолот во оваа ситуација е чувство дека сте се згреале, дека не ви е ладно, но тоа трае кратко и може да биде опасно: во состојба на опиеност вие всушност не чувствувате дека ви е навистина ладно. Затоа секогаш е подобро да се пие чај или други топли безалкохолни пијалаци.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче