Седум најпопуларни зимски забави

Извор: Getty Images / Fotobank

Извор: Getty Images / Fotobank

Возење со санка или со „тројка“, „шепот на ѕвездите“, трка по замрзнато езеро, спуст на сноуборд низ вулканска падина, капење во незамрзнати езера и други занимливости кои ќе ве натераат да заборавите на студенилото и да ја засакате руската зима.

Обично луѓето се плашат од руската зима. Се смета дека температурите тука се толку ниски што човек може да се загрее само со вотка или со бунда од мечка. Но, не е баш така. Студенилото во целост се компензира со убавината на пејзажот, а активното занимавање со спорт го загрева измрзнатото тело за само неколку минути. Кога сме кај вотката, во Русија постојат подрачја со температура на која и вотката замрзнува. 

1. Патување на „полот на студенилото“ 

Минус 40 степени според Целзиус е вообичаена зимска температура за некои краишта на Русија. Токму во овие краишта се наоѓа „полот на студенилото“, идеално место за сите оние кои сакаат да ја проверат својата издржливост. Тоа е постојано населено подрачје со најсурова клима на Земјата. Најниската температура тука паѓаа на 77 степени по нулата, а налето достигнува и до плус 30. Зимското студенило предизвикува необични појави, на пример во Јакутија една од овие појави ја нарекуваат „шепот на ѕвездите“, кога човек на ладното постојано слуша тивко шепотење од својот здив кој моментално замрзнува. 

2. Екстремни доживувања во планините на Урал 

Фотографија: Сергеј Макурин

Урал претставува граница помеѓу Европа и Азија. Тоа е најстариот планински гребен на светот. На Урал има безброј многу природни резервати и патеки за скијање. Во овие краеви се вртат приказни за НЛО и за природни аномалии, како што е приказната за таинствената смрт на Групата на Дјатлов, чија маршрута можат да ја повторат сите заинтересирани. Со други зборови на планините на Урал зимата е како создадена за љубителите на екстремниот туризам со малку мистика. Тука домаќините ќе ви ги покажат напуштените металуршки фабрики, но и оние кои функционираат, ќе ви понудат да преноќите во поранешниот логор ГУЛАГ, ќе ви ја покажат една од најдолгите пештери и ќе ви ја исполнат секоја желба. Туристичката инфраструктура на Урал спаѓа меѓу најразвиените во Русија. 

3. Возење со „тројка“ и на санка низ градовите на древна Русија

Фотографија: Lori / Legion Media

Туристичкиот прстен околу Москва се состои од голем број староруски градови од кои два се на листата на УНЕСКО Ова патување е интересно во кое било годишно време, но постојат две причини зошто треба да се посетат токму назима. 

Прво, дестинацијата подразбира заминување во Кострома и во Углич, а во овие градови се наоѓаат резиденциите на рускиот Дедо Мраз и на Снежанка, неговата внука. Ако патувате со деца, посетата на Дедо Мраз за нив ќе биде вистински празник. Само не давајте им да ја лижат куќата од мраз на Снежанка. 

Второ, градовите на Златиот прстен нудат мошне широк спектар зимски забави на руски начин. Тука е возењето со „тројка“ (санка на која се впрегнати три коња) по шумите покриени со снег, тука е и царската санка и многу други занимливости кои можеби и не ги очекувате. 

4. Сибирски парни бањи и трка на бајкалскиот мраз 

Фотографија: Lori / Legion Media

Бајкал се наоѓа во срцето на Сибир. Ова е најдлабокото и најчисто езеро на планетата. Веќе 10 години по ред секоја зима на езерото се организира меѓународен маратон на мраз на дистанца долга од 42 километри. Тука нема да ги најдете вообичаените забави како што се стрмните патеки за скијање или очекуваните сибирски навеви, но езерската вода е толку чиста, што на длабочина од 3 метри можат да се видат замрзнати алги и мноштво меурчиња од воздух. Многумина фотографии доаѓаат на ова место назима за да го сликаат мразот. Посетителите ги очекува лизгање на мраз, комплетен третман со фитотерапија и значително подобрување на здравствената состојба, зашто дејството на лековитата бајкалска вода повеќекратно се засилува кога таа е замрзната. 

5. Хели-скијање и камчатско турно-скијање 

Фотографија: Eлена Сафонова

Релјефот на полуостровот Камчатка е толку разнолик што професионалните сноубордери дури ни за 20 години не можат да ги минат сите патеки. Назима тука започнува вистинската сезона и најинтересна забава на полуостровот се хели-скијањето и турно-скијањето. Покрај планинските постојат и патеки на падините на вулкани. Освен тоа тука на располагање се и џипинг-турите, како и пешачките тури до вулканите или до долината на гејзирите и без страв од мечките. 

6. Риболов на мраз и екскурзија на моторни санки

Фотографија: Lori / Legion Media

Алтај, планинската верига на југот од Сибир, е вистинска ризница за зимска разонода. Тука посетителите можат да одат во поход на коњи, на скии и на моторни санки, можат да учествуваат во риболов на Телецкиот остров, да одат на лов или во руска парна бања, и секако, да се спуштаат по патеките на скии или на сноуборд. Освен тоа, само назима можат да се видат замрзнатите пештери на големите надморски височини, и само назима може да се провери сопствената издржливост во водата на Синото езеро, кое не замрзнува ниту на минус 30 степени. 

7. „Тропска“ зима во Русија

Фотографија: Lori / Legion Media

Најтоплата, па дури и „врела“ зима оваа година ќе биде на Кавказот. Прво, таму температурата навистина многу се разликува од температурите во поголемиот дел од нашата земја, а како второ, во ближниот Сочи во моментов се одржуваат Зимските олимписки игри. Сепак, дури и на Црноморското приморје има доволно снег, така што гостите на Олимпијадата можат да прошетаат под палмите и низ ретките шуми од еукалиптус, а потоа да одат на скијање на Краснаја полјана. Меѓу другото, на Кавказ се наоѓа планината Елбрус со највисокиот врв во Европа (5.642 метри) и со едно од најпознатите зимски одморалишта во Русија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња