Во Москва зимата трае околу четири месеци и во просек има по 50 дена кога паѓа снег. Извор: Lori / Fotobank.
Како Русите ја поднесуваат студената клима?
Кога ќе се спомене Русија, многумина веднаш помислуваат на сибирските мразови. И навистина, студеното време не е реткост во Русија, но факт е дека во неа постојат повеќе климатски зони: од поларна до суптропска на брегот на Црното море. На пример, просечната температура во јануари во Сочи изнесува 15 степени Целзиусови, бидејќи овој град се наоѓа на иста географска должина како и Ница.
Граѓаните на Русија кои живеат во другите краишта на земјата можат со различни чувства да гледаат на Сочи, а особено 470 жители на местото Ојмјакон во Јакутија, каде минатата година беше забележана температура од -72 степени Целзиусови. Во Ојмјакон зимата во најголема мера влијае на животот на луѓето, но тие од дамнина се навикнати на студот и спокојно се однесуваат кон него. Следуваат неколку примери кои илустрираат како изгледа животот во Русија кога ќе настапи зимата.
Мобилност: зимата во Русија изискува ефикасно делување на комуналните служби
Руските возачи се посебно „вооружени“ за борба со снежната меќава.
Снежната прекривка од пет сантиметри предизвикува хаос во Германија, додека во Русија ситуацијата станува сериозна дури кога таа ќе достигне висина од 40 сантиметри.
Острите зими се вообичаени за Русија: во ноември 2010 година температурата беше над нулата, за по само 24 часа да се спушти на -20 степени Целзиусови. Следната година беше уште поладна со просечна температура од -28 степени според Целзиус., со што беше постигнат нов рекорд за последниве 60 години.
Во Москва зимата трае околу 4 месеци и во просек се бележи 50 дена со врнежи од снег. Преку ноќ може да паднат и до 40 сантиметри снег и тогаш градските комунални служби мораат веднаш да стапат во дејство за да се исчистат улиците.
Штом почне да паѓа снегот, машините за чистење излегуваат на градските улици. „Три-четири сантиметри снег никогаш не претставуваат проблем, за нас тоа е рутинска работа“, вели Пјотр Бирјуков, заменик на градоначалникот на Москва задолжен во Градската управа за прашањата од станбено-комуналната сфера и за уредувањето на градот.
Со плугови снежните наноси се отстрануваат од сообраќајниците, а потоа се товарат во камиони за отпад и се носат на една од 200 локации на кои снегот се топи. Секоја од овие локации има капацитет до 300 тони снег дневно. Градот годишно издвојува 20 милиони евра за одржување на возниот парк за чистење на снегот.
„Имаш ли 'вебасто'?“ Ова прашање чуварите на паркинзите им го поставуваат често на возачите кои возилата преку ноќ ги оставаат на отворено. Притоа мислат на грејач за автомобили од производителот Webasto кој работи и кога моторот е изгаснат. Без него не би било можно да се стартува возило на -35 степени Целзиусови.
Покрај зимските гуми, задолжителен дел од автомобилската опрема се и шилци за возење по снег. Назима се трошат големи количества течност за миење на ветробранот – и до 5 литри дневно. Оваа течност може да се купи баш насекаде. Многу возачи си го олеснуваат одржувањето на возилата на тој начин што вградуваат дополнителен резервоар.
Начин на живот
...Плаќање сметки за греење.
„Одам во ‚бања‘, а ти потпали го огнот во 'печката‘ и стави го самоварот“ – ова еден типичен Русин го кажа пред 50 години. „Бања“ е руска сауна, додека „печка“ е голема камена печка која се наоѓа во секоја „изба“ (руска дрвена куќа. Самовар, пак, е голем сад во кој се грее вода за чај).
Волшебна зима во националниот парк Таганаи Погледнете го националниот парк, за кого геолозите кажуваат дека е стар 680 милиони години - неговата недопрена убавина и незагаденост од цивилизацијата.. |
Сѐ поголемата урбанизација доведе до постепено исчезнување на традиционалниот начин на живот, особено во советското време кога масовно се градеа станови. Во современа Русија становите се загреваат со помош на централен систем за оддалечено греење, бес сопствен термостат. За да се постигне пријатна собна температура, потребно е повремено да се отворат прозорците. Имено, просториите често се прегреани и воздухот во нив станува сув. Овој проблем се јавува ширум земјата, а тоа им оди добро на продавачите на овлажнувачи на воздухот.
За да се спречи замрзнувањето на цевките, водата претходно се загрева во топланите, а потоа со пумпа се транспортира директно во домовите. Недостатокот на ова решение е што граѓаните на Русија греењето го плаќаат и налето, во време кога производството на топла вода престанува во рок од три недели поради ремонт на топловодот.
Облека: подготвени за мраз
Ракавиците во Русија ги донеле Варјазите (Викинзите), оттаму потекнува и нивниот назив во рускиот јазик – „варежки“. Ракавиците ги греат дланките, а бабите сакаат да им ги плетат на своите внуци.
Чизмите „валенки“ се прават од валана овчка волна. Штитат од ладно и на температура од -30 степени Целзиусови. Но, не се водоотпорни и немаат ѓон, па затоа се носат со калјачи. Се проценува дека во Русија годишно се произведуваат 4.5 милиони пара вакви чизми.
Ушанка е крзнена капа со заштита за ушите, како што кажува и самото име. Таа е препознатлив симбол на Русите. Денес постојат многубројни варијанти на ушанка - од едноставни, направени од вештачко крзно, до луксузни модели од самур.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче