Два багера и пет автомобили заглавија во кал во Ростовската област обидувајќи се да извлечат една „Нива“. Според пишувањето на „Блокнот“ возачот на „Нивата“ тргнал на лов.
Кога му се случила незгодата, тој ги повикал пријателите на помош, а во акцијата се вклучиле и на местото пристигнале „Хјундаи Санта Фе“, „Шевролет Нива“, „Тојота“, „Нисан“, УАЗ, како и два багера.
Меѓутоа, сите пет возила заглавија во калта неколку метри подалеку од „Нивата“ на која се обидувале да ѝ помогнат. Подоцна се извлечени сите возила освен „Нивата“, која успешниот исход на операцијата го дочекала дури утредента.