Како ќе изгледа новата „Лада Нива Дастер“?

Фото: kolesa.ru
Неодамна се појави информација дека старата генерација на „Нива“ ќе биде заменета со нова. Изданието „Колеса.ру“ ја претстави својата визија за новиот модел.

Нема официјални прикази за следната генерација на легендарното теренско возило, но стручњаците се обидоа да замислат како ќе изгледа новиот модел на Lada 4x4.

Тие го зедоа предвид фактот дека дизајнот на автомобилот ќе се заснова врз платформата Global Access, врз која се произведуваат „Рено Дастер“ и „Каптур“.

Во дизајнирањето тие се раководеа од концепцискиот приказ на моделот XCode на фабриката „АвтоВАЗ“.

Нема податоци за тоа кога ќе се појават првите официјални прикази на новата „Нива“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња