„Важен дел од напаѓачко-навигацискиот систем на овој авион е напредниот софтвер со вештачка интелигенција. Неговата задача е да ги анализира сите цели во воздушниот простор околу авионот, но и на копно и на море. Софтверот со вештачка интелигенција има способност да ги опфати шесте најопасни цели и истовремено да ги нападне, бирајќи ги и средствата со кои ќе ја изврши таа задача. Целиот процес компјутерот го врши самостојно, без асистенција од пилотот“ нагласи Чемезов на големиот саем на воздухопловно вооружување во Дубаи.
Инаку, според Чемезов, постои огромен интерес кај земјите од Блискиот Исток за најновата руска технологија од сферата на вооружувањето. Тоа особено се однесува на системите за ПВО, како и на програмите на воената и цивилната авијација. Исто така, постојат големи шанси и за заеднички развој на одредени проекти од програмата на цивилната авијација.
Така со Обединетите Арапски Емирати се разговара за заеднички проект за развој на патнички авион МС-400 со капацитет од 250 места. Овој авион би бил конструиран врз база на перспективниот руски патнички авион МС-21.