Извор: Sukhoi.org
Првиот ден беше потпишан договор за извоз на хеликоптерот Ми-28НЭ „Ночној охотник“, изјави на прес-конференцијата заменикот на раководителот на Рособороноекспорт Александар Михеев. Сепак со која земја и за колкаво количество хеликоптери бил склучен првиот договор за извоз на „Ночној охотник“ на авиосалонот, тој не прецизираше. Претходно во медиумите се прошири информација дека 40 хеликоптери „Ночној охотник“ од Русија нарачал Ирак.
Ми-28Н е воен универзален хеликоптер. Во руската армија се користат повеќе од 50 Ми-28 како ударен хеликоптер.
Во рамките на авиосалонот Рособороноекспорт исто така смета на веќе потпишаните договори за извоз на универзалниот ултраманеварскиот истребител Су-35 и учебно-воениот авион Як-130, а исто така и на воениот набљудувачко-ударен хеликоптер Ка-52 „Алигатор“. Овие машини досега се произведуваа само во интерес на домашните воено-воздушни сили, но сега корпорацијата дојде до етапа на нивен извоз. Според зборовите на шефот на делегацијата на Рособороноекспорт Сергеј Корнеев, за сите три машини се водат преговори си странски нарачатели.
На авиосалонот во француски Ла Бурже, ловецот Сухој С-35 (НАТО назив: Flanker-E+) ги покажа своите неверојатни перформанси. Погледнете што се може овој „ѕвер“!
Малку подоцна шефот на делегацијата на Рособороноекспорт на изложбата во Бурже Александар Михеев изјави дека првиот договор за хеликоптерот Ка-52 е потпишан, но не ја кажа неговата сума, ниту, пак, земјата. Според извор од руската делегација во Бурже, „договорот е потпишан со Ирак во рамките на спогодбата од 2012 година“, пренесува РИА Новости.
Тој подвлече дека фактички тоа е првиот договор во рамките на големата спогодба помеѓу двете земји за набавка на вооружување и на воена техника од Русија од страна на оваа арапска земја. „На тој начин може да се смета дека спогодбата на сума од повеќе од 4 милијарди долари почнува да се реализира“, изјавил изворот.
Всушност, новиот хеликоптер Ка-52 сепак го направи својот прв демонстрациски лет во Париз. Но, неговиот лет во прајм-тајм беше откажан. Наместо Ка-52 на небото во Бурже полетаа два хеликоптери Tiger на компанијата Eurocopter. Организаторите ова го објаснија со фактот дека во тој момент на изложбата бил присутен премиерот на Франција, а изворот претпоставува дека доколку хеликоптерите Tiger полетале по Ка-52, тогаш на нив би обратиле помало внимание.
Првите договори се исклучени и во цивилната авијација. Лизинг-компанијата „Иљушин Финанс Ко“ (ИФК) и „Граѓански авиони Сухој“ (ГСС) потпишаа спогодба за основните услови за испорака на 20 руски авиони Сухој Суперџет 100. Овие авиони се наменети за странски нарачатели.
Станува збор за лизинг на 15 авиони со основен комплет за нарачателите од Југоисточна Азија и на Блискиот Исток и пет авиони со нова модификација за зголемување на далечните летови за потенцијални нарачатели од странство. Испораката на нарачаните летала ќе започне во 2015 година. Кој имено ќе ги купи овие авиони, не се соопштува.
Финансирањето на испораките ќе се врши според програмата за државна гаранција. Руската влада им дава гаранција на оние банки кои ќе ги кредитираат купувачите на руското производство.
Во моментов на нарачателите им се доставени 16 авиони SSJ100. Овие летала ги користат руските авиокомпании „Аерофлот“ и „Јакутија“, индонезиската Sky Aviation и лаоската Lao Central. Пакетот нарачки вклучува 179 цврсти нарачки, соопштуваат од Цивилни авиони Сухој.
На авиосалонот во Бурже на 18 јуни беше предаден првиот авион SSJ 100 на мексиканската авиокомпанија Interjet. Овој авиопревозник нарача само 20 вакви авиони, со опција за нарачка на уште 10.
Исто така на првиот ден на авиосалонот Рособороноекспорт со министерството за пешадиска војска на САД потпиша договор за испорака на 20 руски хеликоптери Ми-17 во Авганистан.
На првиот ден на авиосалонот во Бурже австриската Diamond Aircraft Industries (DAI) и Уралската фабрика за цивилна авијација потпишаа спогодба за заедничка разработка и производство на семејство лесни универзални авиони. Тоа ќе бидат авиони со капацитет од 19 патници, кои ќе можат да летаат на растојанија од 400 до 1000 километри.
Во следните денови на изложбата може да се очекуваат нови договори на суми од над милијарда долари за рускиот авионски транспорт. Организаторите на салонот во Бурже сметаат дека ќе го побијат рекордот од 2011 година според бројот на склучени договори на сума од 100 милијарди долари. На Русија ќе отпадне значаен дел.
Скратено http://vz.ru/economy/2013/6/17/637587.html
Су-35С е опремен со најновиот навигациски систем БИНС-СП2. Тој автономно ја определува местоположбата на авионот во услови на отсуство на сателитска навигација и на врска со земските служби. Новиот навигациски систем ќе се користи на истребителите од петтото поколение ПАК ФА (Т-50). Системот комплекс чини 40% помалку одошто неговите странски аналози, а неговиот животен циклус речиси двапати ги надминува странските аналози. Притоа ваквиот навигациски систем може да биде поставен и на цивилните хеликоптери, а исто така и на морска и на копнена техника.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче