Су-35
ReutersПилотскиот и техничкиот состав на авијацискиот полк на Западниот воен округ почнаа со подготовки за префрлање на единицата најнови повеќенаменски ловци Су-35 од генерацијата 4++, чие примопредавање е извршено во фабриката во Комсомолск на Амур, каде што се произведени, како и нивно вклучување во состав на ескадрилата и стационирање во Карелија. Екипажите ќе извршат пробен лет на новите ловци, ќе ги проверат моторите, главните системи и агрегатите заради прелет по рута долга повеќе од 8000 километри, со три дополни на гориво на оперативни аеродроми во Источниот и Централниот воен округ, се вели во соопштението.
Су-35 е модернизиран суперманеварски повеќенаменски ловец произведен според технологијата од петтата генерација, која обезбедува супериорност во однос на ловците од соодветната класа. Можноста да бидат регистрирани од радари е намалена за неколку пати во споредба со авионите од четврта генерација.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче