Кој автомобил е подобар од „Москвич“?: Пронајден потполно нов „Москвич 2140“ произведен 1984 година

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Блогерот Roma-Urraco пронајде потполно зачуван „Москвич 2140“ и направи убава репортажа за него. Овој масивен автомобил со конструкција типична за советското доба буди носталгија кај луѓето родени во тој период, а за колекционерите секако се најинтересни примероците во сребрена металик боја кои пред неколку децении беа вистинска реткост.

АЗЛК е првата советска фабрика за автомобили кои своите сериски производи ги фарбаше во металик боја. Дури подоцна тоа почнаа да го прават и познатите фабрики ВАЗ и ГАЗ.

Првите сериски автомобили во металик боја АЗЛК почна да ги произведува 1977 година.

„Москвичите“ во сребрена металик боја беа голема реткост и во она време, а особено сега.

Ви го претставуваме „Москвич 2140“ во фабричката боја „Снежна кралица“, т.е. сребреста металик (говорејќи со денешниот јазик).  Автомобилот е произведен 1984 година, а во моментот кога е „откриен“ поминал само 15957 километри.

На вратата на гепекот, на внатрешната страна, сочувани се дури и ливчињата со називот на бојата. Доколку може да им се верува, тогаш ова е боја на германската фирма Glasurit (дел од концернот BASF). Ова е голема реткост, затоа што сребрениот металик на „Москвичите“ во најголема мера беше од југословенско потекло и ѝ припаѓаше на фирмата „Хелиос“.

Оваа кола е купена на 27 декември 1984 година во киевската продавница „Автосалон бр.1“ на организацијата  „Киевоблавтотехобслуживание“. Цело време била во сопственост на еден газда, и тоа многу педантен: зиме тој воопшто не ја возел колата и цело време ја чувал во гаража.

Подетална информација за овој „Москвич 2140“ со ретка сребрена металик боја можете да видете во оваа видео-снимка.