МАЗ-2000 „Перестројка“.
У. Иванов/RIA NovostiАЗЛК-2143
АЗЛК-2143
Legion MediaАЗЛК-2143 „Јауза“ е конструиран во фабриката за автомобили АЗЛК кон крајот на 1980-те. Автомобилот имаше футуристички дизајн со прозорци на две нивоа од кои само долните можат да се спуштат. Направени се само три прототипа, но овој автомобил беше инспирација за создавањето на моделот ВАЗ-2110 кој имаше повеќе среќа.
ВАЗ-2702
ВАЗ-2702
Простјаков/RIA NovostiТоварното комбе беше „дефицитарна роба” во Советскиот Сојуз и затоа е смислен ВАЗ-2702 „Пони“. За жал, се покажа дека е толку кршлив што дури и се преполови за време на „креш-тестот“.
МАЗ-2000 „Перестројка“
МАЗ-2000 „Перестројка“
У.Иванов/RIA NovostiОва возило го доби називот по политичките реформи кои ги иницираше Михаил Горбачов со цел модернизација на Советскиот Сојуз. Меѓутоа, не го издржа рушењето на државата, иако во неговата конструкција беше предвидена цела низа иновации како модуларна конструкција и заоблена кабина.
Москвич-2144 „Истра“
Москвич-2144 „Истра“
Legion MediaОвој модел од 1985 година беше забележан поради огромните прозорци и вратите во форма на „галебови крилја“, што дотогаш не беше видено во Советскиот Сојуз. Проектот ветуваше многу, но не го преживеа распадот на СССР.
ЗИЛ-4102 „Мишка“ и „Рајка“
ЗИЛ-4102 „Мишка“ и „Рајка“
Музеј АМО ЗИЛАвтомобилот е конструиран по нарачка на Михаил Горбачов. Како образец се земени автомобилите „Ролс Ројс“, но на крајот ЗИЛ-4102 повеќе личеше на лимузината „Кадилак Флитвуд“ од 1985. Направени се два прототипа кои неофицијално ги носеа имињата „Мишка“ и „Рајка“ (деминутиви од Михаил и Раиса (т.е. Горбачов и неговата жена). Пробниот примерок не му се допадна на советскиот претседател, така што автомобилот никогаш не беше ставен во сериско производство.
Москвич-3733 „Тоник“
Москвич-3733 „Тоник“
Legion MediaОва возило со осум седишта го конструираа советски и чехословачки инженери. Направени се неколку пробни примероци, а потоа дојде 1991 година, така што автомобилот никогаш не излезе на улиците на Москва и Прага.
УАЗ-3170 „Симбир“
УАЗ-3170 „Симбир“
Вадим Кондратјев. ВикипедијаОва советско теренско возило е тестирано во планините Тјаншан и Памир во Централна Азија. Автомобилот имаше цивилна и воена намена, но беше запоставен во постсоветскиот хаос. Многу негови дизајнерски концепции се реализирани во подоцнежниот модел УАЗ „Патриот“.
НАМИ „Охта“
НАМИ „Охта“
ФГУП «НАМИ»„Охта“ е конструирана од Ленинградскиот автомобилски научноистражувачки центар. Овој автомобил би можел да се гордее со своите идеални аеродинамични карактеристики, но пропадна поради еден необичен инцидент. Имено, на враќањето од една меѓународна изложба советските цариници го запленија автомобилот поради неплатена царина. „Охта“ долго време стоеше на паркингот на царинската служба. На конструкторите им е вратена во толку ужасна состојба што тие сосем го загубија ентузијазмот.
НАМИ-0290 „Апељсин“
НАМИ-0290 „Апељсин“
Јуриј Заритовски/RIA NovostiСјајниот и впечатлив НАМИ-0290 имаше необична боја и беше еден од најдобрите советски спортски автомобили пред распадот на Советскиот Сојуз. Меѓутоа, во текот на 1990-те беше исечен н парчиња и заборавен.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче