Видео: Чудесни советски суперавтомобили кои никогаш не го здогледаа светлото на денот

Руските новинари ги избраа трите најимпресивни концептуални автомобили развиени од советските инженери во периодот од 1984 до 1988 година, а кои всушност никогаш не влегоа во сериско производство.

За најзначаен прототип на автомобил во СССР новинарите на „Дејли Мотор“ го прогласија моделот „Москвич-2144 Истра“, со чија разработка се занимаваше конструкторот Сергеј Ивакин. Прототипот во 1985 година потсетуваше на „машина на иднината“ со футуристичките линии на каросеријата, големите стаклени површини и страничните врати, тнр. „галебови крилја“. Овој концептуален автомобил беше опремен со дизел мотором Elsbett и уникатен автоматски менувач. Во 1991 година беше произведен единствениот прототип и тука развојот на проектот запре поради распадот на СССР.  

На второто место се најде „ВАЗ-2702 Пони“, претставен 1982 година. Возилото е наменето за поштенската служба, а работи на електрични батерии. Проектот мораше да биде завршен поради високите трошоци за батериите и нивните чести поправки.

Третата позиција ја зазеде теренецот „НАМИ ЛУАЗ-Прото“, премиерно прикажан 1988 година. Тоа беше ново поглед на дизајнот на сегментот на SUV возилата на советскиот пазар.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња