Во Русија олдтајмер ГАЗ-67Б се продава за помалку од 4 илјади евра

ГАЗ-67Б

ГАЗ-67Б

SpeedMe — Life!/YouTube
Легендарното пикап возило ГАЗ-67Б од 1949 година во одлична состојба се продава во Барнаул (на југот на Русија) за „скромни” 250 илјади рубли.

Во огласот објавен на сајтот drom.ru, сопственикот на олдтајмерот наведува дека, и покрај годините, возилото се наоѓа во добра состојба. Возилото цело време го користело едно семејство.

ГАЗ-67Б има мотор од 3200 кубици со 54 коњски сили и мануелен менувач.

„Документацијата е во совршен ред, регистриран е, што се вели, само седни и вози, во сообраќајната дозвола има само еден сопственик досега! Автомобилот е одлично сочуван, затоа што цело време беше во едно семејство, а е чуван во гаража. Набавката на легендарниот автомобил е добра инвестиција, зашто секоја година цената на ваквите возила малку пораснува. Колата е наменета за љубител, за оној кој навистина сака нешто ексклузивно. Скап странски автомобил денес се наоѓа на секој чекор, а кога ќе седнете во ова возило ќе добиете максимален углед, внимание и погледи полни со почит од постарата генерација! Олдтајмер за душа!” – се наведува во текстот на огласот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња