Нема официјални прикази за следната генерација на легендарното теренско возило, но стручњаците се обидоа да замислат како ќе изгледа новиот модел на Lada 4x4.
Тие го зедоа предвид фактот дека дизајнот на автомобилот ќе се заснова врз платформата Global Access, врз која се произведуваат „Рено Дастер“ и „Каптур“.
Во дизајнирањето тие се раководеа од концепцискиот приказ на моделот XCode на фабриката „АвтоВАЗ“.
Нема податоци за тоа кога ќе се појават првите официјални прикази на новата „Нива“.