Новата Lada Niva Duster пристигнува во 2021 година

Lada 4x4 Urban

Lada 4x4 Urban

Lada.ru
Весникот за автомобили „Авторевју“ пишува дека конструкторите во фабриката АвтоВАЗ работат на нова генерација на теренецот Lada 4x4, попознат како „Нива“.

Како што се наведува во текстот, потврдени се гласините дека новата „Нива“ ќе биде создадена врз платформата Global Access, која ја има и кросоверот „Рено Дастер“. Возилото ќе има надолжно поставен погонски агрегат, меѓутоа, првобитната шасија ќе биде сериозно доработена. Меѓутоа, АвтоВАЗ официјално изјави дека компанијата не ги донела конечните одлуки по овие прашања.

Фабриката на крај реши да се откаже од првобитната изведба на моделот со работен наслов Lada 4x4 NG. Работата на овој проект почна пред неколку години и предвидуваше создавање на теренец со традиционални решенија кога е „Нива“ во прашање, а тоа значи надолжно поставен погонски агрегат, постојан полн погон, крута задна осовина.

Како што нагласува порталот на весникот „Авторевју“, новиот теренец ќе биде опремен со локализиран во Толјати бензински мотор Nissan HR16 од 1,6 литри. Во однос на трансмисијата, меѓутоа, нема јасни назнаки за решението во однос на „Дастер“.

Според првичните информации, сериското производство на „Нива“ од новата генерација ќе почне 20121 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња