За тоа време низ неа поминаа преку 160 милиони членови! Во организацијата се зачленуваа млади на возраст од најмалку 14 години (и само по препорака), а на 28 години членството во организацијата автоматски престануваше поради старост.
Членарината изнесуваше 1% од месечната плата.
Комсомолците уживаа почит во општеството. По Втората светска војна низ целата земја се одвиваа „големи комсомолски градежни проекти“.
Имено, младината учествуваше во изградбата на Бајкалско-амурската магистрала, Сајано-шушенската хидроцентралата, автомобилските заводи и многу други фабрики. Една од главните пароли на Комсомолот гласеше: „Ако партијата каже: „Треба!“, комсомолците одговараат: „Разбирам!“
Притоа членови на Комсомолот беа и оние што веруваа во идеите на комунизмот и оние кои сакаа да изградат кариера во советската држава, бидејќи по членството во оваа организација, беше полесно да се зачленат во Комунистичката партија. Младите луѓе можеа да бидат исклучени од Комсомолот поради неморално однесување, алкохолизам или хулиганство.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче