Командантот на Воената морнарица, адмирал на флотата на Советскиот Сојуз Сереј Григориевич Горшков.
Мичурин/Sputnik„Адмирал Сергеј Горшков ја модернизирал советската воена морнарица. Заостанатата структура на крајбрежната одбрана под негово раководство е трансформирана во океанска флота која може да ја доведе во прашање доминацијата на воената морнарица на САД на морето“, има напишано воениот експерт Џејмс Холмс. Американците пред Горшков биле уверени дека на море никој не може да се мери со нив.
Адмиралот на флотата на СССР Сергеј Григориевич Горшков (во средината) меѓу морнарите на Дунавската воена флотила.
SputnikКога во 1956 година Сергеј Горшков застана на чело на Воената морнарица на СССР, таа фактички беше „заробена“ во сопствените територијални води. Над 80% од бродовите дејствуваа исклучиво по должината на советскиот брег.
Новиот командант веднаш си поставил задача да ја изведе флотата на Светскиот океан. Горшков не го делел традиционалното гледиште на своето опкружување дека Русија (СССР) е копнена сила во која флотата има второстепена улога.
Тој многу се потрудил да го убеди советското раководство посериозно да го согледа значењето на својата воена морнарица, и тоа му тргнало од рака.
Митинг на пријателство на крстосувачот „Киров“ во текот на маневрите „Север-68“ . Под раководство на командантот на С.Г. Горшков, учествуваа 300 воени бродови и 500 палубни авиони на морнарицата на Источна Германија и Полска, Балтичката и Северната флота на СССР.
Г. Надеждин/Sputnik„Земјата и власта коишто ќе го сфателе значењето на морнарицата имале повеќе корист и поголема предност. Воените морнарици стекнуваат уште поголемо значење во врска со тоа што светот влегува во нова епоха, во епоха на освојување на океанските богатства, околу кои веќе сега се води жестока борба“, велел адмиралот.
Горшков започнал развој на сите аспекти на воената морнарица. Научните истражувања станале поинтензивни, беа проектирани нови бродови, нови палубни авиони и бродско вооружување. Подобрен е системот на морнарско образование и на системот за борбена обука на бродските екипажи.
Маневрите „Океан“, најголемата воена вежба во историјата на Воената морнарица на СССР. Противвоздушни ракети на противподморничкиот брод на стар. 14 април – 8 мај 1970 година.
О. Иванов/SputnikКон крајот на шеесеттите години од минатиот век започна изградба на носачи на авиони, а тоа за советската морнарица беа сосема нов тип бродови. Меѓутоа, клучното средство за одвраќање на непријателските военоморски сили беа подморниците. Десантните подморници тајно им приоѓаа на бреговите на САД, ги следеа американските флоти и во сите мориња „демнееја“ подморници на потенцијалниот непријател.
Воена морнарица на Вооружените сили на Советскиот Сојуз. Нуклеарната подморница „50 години СССР“ тргнува на задача. Ова е советска нуклеарна подморница од втората генерација на проектот 671 „Јорш“.
Ј. Мичурин/SputnikОсобена заслуга на Сергеј Горшков е обновувањето на морнаричката пешадија во 1963 година (која била невнимателно укината седум години претходно). Сите флоти (Балтичката, Црноморската, Тихоокеанската и Северната) добиле доволен број десантни бродови и средства за излегување на копно.
Украинска ССР. Маневри на Црноморската флота на Воената морнарица на СССР (денес Русија). Излегување на копно на маринци.
Михаил Кухтарјов/SputnikВо таканаречената „ера на Горшков“ советската нуклеарна ракетна флота стана „постојан гостин“ во сите делови на Светскиот океан. Таа во 1985 година имаше над 1.500 бродови и според бројноста и борбениот потенцијал беше на второ место во светот, веднаш зад американската воена морнарица. Како што истакнуваше вицеадмиралот Ашот Саркисов, „за првпат во историјата борбениот потенцијал на нашата воена морнарица достигна такво ниво што во Светскиот океан стана вистински ривал на воено-морските сили на Северноатлантскиот блок“.
Воена морнарица на СССР. Противподморничкиот крстосувач „Москва“. Хеликоптерска писта.
Михаил Кухтарјов/SputnikВо времето на Сергеј Горшков направена е цела серија советски воено-морски бази ширум светот, од Сирија и Јемен до Куба и Виетнам. Целиот Светски океан беше покриен со советски бази како „пајажина“, така што во него не останаа „слепи зони“.
Прослава на Денот на Воената морнарица во Владивосток.
Јуриј Сомов/SputnikАмериканците не можеа да бидат рамнодушни кон личноста на адмиралот Горшков. Дури во февруари 1968 година го ставија на насловната страница на списанието „Тајмс“.
Адмиралот на флотата на Советскиот Сојуз, двократниот Херој на Советскиот Сојуз Сергеј Григориевич Горшков.
Sputnik„Ерата на Горшков“ беше завршена во 1985 година, кога стариот адмирал замина во заслужена пензија. Почина три години подоцна, така што не ги доживеа сите оние искушенија кои ја снајдоа неговата морнарица за време на распадот на Советскиот Сојуз.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче