Кинески хунхузи осудени на смрт.
А. КузнецовСо диви крици и пцости, со застрашувачки маски на демони и чудовишта тие упаѓаа во селата, пљачкаа и убиваа сé по ред. Кинеските бандити познати како „хунхузи“ им втеруваа страв во коски на жителите на североисточна Кина и рускиот Далечен Исток.
Хунхузи на Сахалин.
Public domainВо Манџурија и руското Приморје во втората половина на 19 и почетокот на 20 век дејствуваа банди кои го добија називот „хунхузи“. Им пристапуваа крадци, дезертери од армијата на династијата Ќинг и кинески доселеници во Манџурија кои не сакаа да ги работат тешките работи во рудниците.
Бандата можеше да има од 2-3 до неколку стотици членови. За поголеми акции хунхуските одреди се здружуваа и стануваа моќна сила која можеше да загрози дури и помали градови.
Кинеска банда на коњи за време на битката кај Мукден (денес Шенјанг).
F. Collier & SonТоа не беа шумски скитници со искината облека. Хунхускиот бандит беше добро облечен и имаше солидно оружје. Понекогаш беше тешко да се разликува од обичен трговец.
Манџурија беше идеалното место за делување на бандитите. Тој крај беше слабо населен, а Пекинг беше далеку, така што владата на династијата Ќинг не ја контролираше добро Манџурија, а локалните власти немаа доволно ресурси за ефикасна борба против хунхузите.
Куќа во која живеат „манзи“ во Усуријската тајга.
Archive photoСлично беше и во соседниот Усуријски крај, кој ѝ припаѓа на Русија. Тој регион сé уште беше слабо колонизиран, а во такви услови ни границата меѓу Руската империја и империјата на династијата Ќинг не беше добро чувана. Така хунхузите без проблем продираа во руското Приморје и се враќаа во Кина.
А понекогаш не се ни враќаа, затоа што наоѓаа јатаци меѓу усуријските Кинези, таканаречените „Манзи“. Хунхузите таму често се претставуваа како борци за ослободување на исконските кинески територии што ги зазеле западните варвари.
Хунхузите на руска територија пљачкаа стока и останати добра, шверцуваа опиум и илегално копаа злато. Ова последново беше повод за првиот голем вооружен судир меѓу кинеските бандити и руската војска.
1867 година беше пронајдено злато на островчето Асколд, оддалечено 50 км од истурената воена позиција Владивосток (кој 1880 година стана град). Стотици Манзи и хунхузи тргнаа на островот да си ја пробаат среќата.
Неколку пати ги растера екипажот на рускиот воен параброд „Алеут“, но тие секогаш повторно се враќаа. На крај изби вооружен судир во кој се убиени тројца морнари. Хунхузите демонстративно ги искасапија труповите пред очите на екипажот на воениот брод кој забрзано го напушташе тоа место.
Руско-јапонска војна. Заробени хунхузи кај Љаојанг.
TASSСледеше серија судири кои се познати како Манзовска војна. Пролетта и летото 1868 година Манзите и хунхузите ги напаѓаа истурените руски позиции, опљачкаа и запалија неколку села и ги заклаа сите христијански семејства во нив. Руската војска за возврат запали неколку населби на Манзите каде што им беше давано засолниште на бандитите, а кон средината на јули разбојничките одреди беа ликвидирани или протерани во Манџурија.
Припадници на обезбедувањето на Кинеската источна железница со група уапсени хунхузи. Манџурија, почеток на 20 век.
Хунхузи дивееја на руска територија, а потоа ја преминуваа границата каде што руската војска не можеше да ги гони. Тоа никако не им одговараше на руските власти, така што понекогаш козачките одреди гонејќи ги Хунхузите навлегуваа длабоко на кинеска територија.
Руските трупи 1879 година плански влегоа на кинеска територија и го запалија големото утврдување на Хунхузите на езерото Ханка.
Руско-јапонска војна. Погубување на хунхузи.
MAMM/MDF/russiainphoto.ruПекинг не секогаш негодуваше поради таквото повредување на државната граница. На локалните кинески власти им беше далеку поважно да се изборат со хунхузите, така што често дискретно ги молеа Русите да продолжат со гонењето на бандитите и на кинеска територија.
Руско-јапонска војна. Болничари пренесуваат ранети.
MAMM/MDF/russiainphoto.ruЗа време на Боксерското востание 1899-1901 година против притисоците на западните сили хунхузите често се здружуваа со остатоците од поразените одреди на династијата Ќинг и се бореа против руските трупи. Иако се знаеше дека се разбојници, многу Кинези поради таа борба ги третираа како последните бранители на татковината од странските агресори.
Хунхуските бандити во Руско-јапонската војна 1904-1905 година се бореа како платеници на страната и на едните и на другите. Меѓу другото, вршеа диверзии на Кинеската источна железница во Манџурија. Таа пруга ја изгради Русија по нарачка на кинеските власти и преку неа се снабдуваа руските трупи на Далечниот Исток.
Железничката станица Хуангутун по експлозија. Обид за атентат на Џанг Цуолин, лидер на Фенгтианската клика, во кој се здобива со смртоносни повреди.
Public domainПо падот на Кинеската империја 1911 година и на Руската империја 1917 година, на Далечниот Исток настапи период на безвластие во кој хунхузите се чувствуваа како риба во вода. Додека во Русија беснееше граѓанската војна, тие го пљачкаа тамошното население и одвреме-навреме се бореа како наемници час на страната на „Белите“, час на страната на „Црвените“, а понекогаш и на страната на Јапонците кои во април 1918 година се истоварија во Владивосток.
Врвот на својата моќ хунхузите го доживеаја за време на расколот во Кина. Поранешниот водач на банда Џанг Цуолин стана владетел на Манџурија, а до јуни 1928 година управуваше дури и со цела Кина. Тој за време на Руско-јапонската војна постави свој „колега“, бандитот Џанг Цунгчанг , за губернатор на провинцијата Шандунг.
Кинескиот генерал и манџурискиот војсководач Џанг Цуолин.
Во текот на 1930-тите советската власт значително ја зајакна контролата на државната граница со Кина и сериозно се позанимава со проблемот на криминалот во Приморјето. И Јапонците ефикасно се бореа против бандитите. Тие во 1928 година го ликвидираа Џанг Цуолин, а три години подоцна ја зазедоа Манџурија. Веќе на почетокот на 1940-тите хунхуските бандити повеќе немаа никакво влијание на Далечниот Исток.
Руско-јапонска војна. Ручек на стражарско место.
Сергеј Орлов/МАММ/МДФ/russiainphoto.ruПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче