Непријателот мора да биде запрен: Како е одбиен првиот масовен воздушен напад на Москва

Големата татковинска војна, 1941 година, Москва, СССР. Војници ракуваат со противвоздушен митралез со четири цевки, штитејќи ја Москва од германската авијација во текот на Втората светска војна.

Големата татковинска војна, 1941 година, Москва, СССР. Војници ракуваат со противвоздушен митралез со четири цевки, штитејќи ја Москва од германската авијација во текот на Втората светска војна.

TASS
Ноќта помеѓу 21 и 22 јули 1941 година се одигра Битката за Москва, една од најдраматичните воздушни битки во Втората светска војна. Кон градот беа насочени 220 германски бомбардери. Битката траеше пет часа. Главни цели беа Кремљ, електраната на Раушскиот кеј, зградата на Централниот комитет на Серуската комунистичка партија (на болшевиците), фабрики и железнички станици.

За успешно да ја извршат оваа стратешки важна задача Германците во друга флота на Луфтвафе формираа специјална група со над триста тешки бомбардери од типот Heinkel He 111, Junkers Ju 88А и Dornier Do.215B, а во советската заднина биле уфрлувани групи со радиоприемници и радиопредаватели за однапред да се означат правците на летот над Москва.

Раководството на СССР беше свесно дека Луфтвафе има големо искуство во бомбардирањето на големите европски градови и затоа планот за одбивање на нападот направен на почетокот на јули. Советските ловци имаа задача да ги дочекаат германските авиони на 200-300 километри од Москва и да не дозволат да ја откријат локацијата на која се разместени единиците за противвоздушна одбрана на градот и баражните балони.

Московските единици за ПВО имаа над 1.000 зенитни оружја, 300 митралези, над сто баражни балони и околу 600 рефлектори кои правеа огромен осветлен појас широк 40 километри, поголем дури и од дострелот на противвоздушните оружја. Ловечкиот корпус имаше околу 600 ловци, од кои половината беа авиони од нов тип. Непријателот го надгледуваа единиците за воздушно набљудување, тревога и врски, како и радарски станици, и во случај на потреба најавуваа опасност.

Непосредно пред првиот налет на Москва во градот е изведена командна штабна вежба во која е разработена добра стратегија за дејствување за време на напад, а Кремљ, Московското градско собрание (Моссовет) и другите поважни објекти беа камуфлирани за да изгледаат како обични згради. Хитлер на 14 јули издаде наредба за почеток на воздушен напад врз Москва, потоа беа одбрани пилоти, а ноќта помеѓу 21 и 22 јули започна нападот.

Германците беа добро подготвени за првиот налет. Во секоја група имаше водечки авион, групите летаа во ешалони, со временски растојанија и на различни висини, а радиопредавателите, кои беа поставени на земја обезбедуваа одлична координација меѓу екипажите. Нападот започна ноќе зашто Германците знаеја дека во ловечките полкови за ПВО на Москва нема многу пилоти на ноќни ловци и дека многу зенитни митралези и оружја немаат рефлектори.

На знакот за тревога во небо се крена единаесеттиот ловечки полк. Токму тој да пречека првата група германски бомбардери. Германците летаа во набиена групација, без придружба на ловци, и самите себеси се покриваа со митралески оган. Капетанот Константин Титенков го нападна главниот авион со митралески оган, а во вториот круг успеа да го собори. Тоа ја разниша координацијата на германските бомбардери, па и целата нивна формација.

Потоа во борба тргнаа пилотите на дванаесеттиот ловечки авионски полк. Пристигнуваа нови групи бомбардери, обидувајќи се да ги заобиколат рефлекторите и да избегнат оган од зенитните батерии. Тогаш беше одлучено неколку зенитни батерии да се обединат и да се создаде огнен ѕид. Советските зенитни батерии отворија оган пред германските авиони да се приближат и така создадоа огнен ѕид. Тоа беше пресметан психолошки потег зашто секој нема да се одважи да тргне во продор низ густ облак експлозии. И навистина, поголемиот дел германски пилоти се откажа од зададената цел, па исфрлија бомби на тепка.

Изненадување е приредено и на следните групи непријателски бомбардери. Тие во текот на летот видоа мноштво рефлектори кои го осветлуваа просторот, па поради тоа се подигнаа на висина од 4.500 метри и се приближуваа на Москва. Веќе беа подготвени да ги исфрлат бомбите кога радарот ги предупреди на балони.

Тоа беше неочекувано. Германците добро знаеја дека балони не се креваат над 2.000 метри, а тука веќе беа на двапати поголема височина. И тие се вратија фрлајќи ги бомбите на тепка. Оберлајтнантот Бетхер, еден од најдобрите пилоти на бомбардер, вака го опишува нападот врз советската престолнина:

„Од сите летови што ги имам изведено на Исток најтешки беа ноќните напади врз Москва. Зенитниот оган беше мошне интензивен и загрижувачки густ“.

Првиот напад на Москва беше одбиен. Луфтвафе во него изгуби 22 бомбардери. Сепак, некои авиони успеаја да се пробијат и да фрлат бомби врз градот. Настрадаа над 600 луѓе, оштетени беа пруги, водоводот, гасоводот и далноводи, а на подрачјето на градот избија многу пожари. Оштетени беа над 30 згради, Благодарение на добро организираните дејствија на противвоздушната одбрана и на ловечките полкови беа избегнати поголеми разорувања. На Германците не им беше дозволено да ја срамнат Москва со земја, како што беше планирано на почетокот.

Патем, во текот на воздушните напади жителите на Москва го користеа метрото како скривалиште. Навечер народот чекаше во редица за да влезе и да заземе што подобри места во вагоните. Предност имаа жените со мали деца.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња