Три тајни оружја на Хитлер кои завршиле во служба на СССР

Со падот на нацистичка Германија советските пилоти добиле пристап до чудесното оружје на Хитлер Wunderwaffen-у. Три револуционерни германски борбени возила, создадени да го спречат поразот на Третиот Рајх, завршија носејќи црвена ѕвезда.

1. Месершмит Ме 262: ластовицата на фирерот

1. Месершмит Ме 262 како ловечки авион го имал прекарот Schwalbe, односно „ластовица“, а како ловец-бомбардер Sturmvogel, односно „бурна птица“, бил првиот на светот воен авион со млазен погон.

До поголем судир помеѓу ова чудесно оружје и сојузничките „заостанати“ летала доаѓа во август 1944 година кога Германците уништуваат 19 авиони на противникот, но и губат шест Ме 262. Овој однос 1 спрема 3 до крајот на војната сепак ќе биде влошен.

Главната предност на авионот Ме 262 била значително поголемата брзина во хоризонтален лет. Поради тоа сојузниците ja смислиле оваa борбена тактика. Нивните ловци кои ги штителе бомбардерите при летот над Третиот Рајх настојувале да се држат на што поголеми височини, па на извесен начин да се нафрлат на Ме 262 и да се изедначат во брзината.

По војната, меѓу бројните германски авиони кои Црвената армија ги има заробено имало и примероци на Ме 262 кои добиле нова камуфлажа, ознаки на советското воено воздухопловство и влијаеле на развојот на првите повоени борбени авиони како што се Сухој Су-9 и Су-11.

2. Месершмит Ме 163: Ѓаволска метла

Ме 163 (на германски Komet) бил единствениот авион на ракетен погон кој бил пуштен во борба за време на Третата светска војна. И покрај револуционерниот дизајн и некои недостижни можности за другите летала од своето време (пробниот пилот Руди Опиц во 1944 година достигнал брзина од 1.123 километри на час со овој авион) поради краткото траење на горивото како ловец сепак не бил користен. Освен тоа, нестабилното и корозивно ракетно гориво можело лесно да експлодира при полетувањето и при слетувањето со катастрофални последици за авионот и за пилотот. „Ѓаволската метка“ како што го нарекувале сојузничките пилоти има урнато само 16 непријателски авиони.

Кога советските пилоти почнале да управуваат со овој воен трофеј, летал како едрилица, поради опасностите и поради недостигот од ракетно гориво. Ту-2 ќе го повлечел на потребната височина и ќе го пуштел во слободен лет. Во фазата на спуштање, пилотот вршел опасни тестови, зашто Ме 163 сепак бил многу потежок од обично воздухопловно летало и паѓал побрзо.

3. Хајнкел Хе-162: Народен ловец

Хајнкел Хе 162 Volksjäger е воведен во вооружувањето пред крајот на Втората светска војна. Главно бил изграден од дрво, зашто металот бил користен за производство на авиони како што се Ме 262 и Ар 234. Почнале да го користат во април 1945 година, само еден месец пред крајот на војната во Европа, остварувајќи некакви победи против сојузникот, иако неколку авиони се изгубени поради технички проблеми.

На петти мај 1945 година адмиралот Фон Фридебург потпишал капитулација на сите германски воздухопловни сили во Холандија, во северозападна Германија и во Данска. На шести мај сојузничките сили стасале на аеродромот Лек каде ги чекале неоштетени авиони Хе 162, кои потоа биле испратени во САД, во Велика Британија, во Франција и во СССР за понатамошни испитувања.

Прочитајте исто така: И помогнале ли САД на Русиja во модернизацијата на најдобриот советски тенк од Втората светска војнa

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња