Извидничкиот одред под команда на капетанот Закревски (лево) заробува исправен германски тенк со важна документација. Орелско-Курски правец 2 јули 1943 година
Getty ImagesБитката кај Курск (5 јули – 23 август 1943) е една од најголемите и најкрвави борби во историјата. Два милиони луѓе, 6.000 тенкови и 4.000 авиони учествуваа во оваа битка. Германците изгубија околу 500 илјади луѓе, а советите околу 250 илјади.
По тешкиот пораз во Сталинград, Хитлер очајно сакал нова победа на источниот фронт. Вермахтот имал намера да го разбие средишниот дел од источниот фронт, да се приближи на Москва од југ и да нанесе решителен удар на Црвената армија. Тајното име на оваа офанзива е Цитадела.
Војници на Вермахтот
Bundesarchiv/Wolff/AltvaterСвоја летна офанзива планирала и Црвената армија, но откако дознале за операцијата Цитадела, советските генерали ја смениле тактиката. Офанзивата ја одложиле со надеж прво да го одбијат германскиот напад.
Генералот на армијата Јосиф Апанасенко, генерал-мајот Александар Родимцев и генерал-поручник Павел Ротмисров. Јули 1943 година.
SputnikПред почетокот на самата битка советската војска извела плодотворна операција на извидување и заробување војници. Така еден заробен германски каплар на 3 јули открил дека германската офанзива ќе започне за 2 до 30 дена. Откако со извидување на 5 јули се дознал и точниот час на операцијата, советската одбрана била ставена во целосна подготвеност.
Советските команданти започнале да применуваат смртоносна тактика. Цели батерии ЗиС и Ф-22 противтенковски топови биле распоредени по вкопаните и зајакнати линии со наредба да не пукаат дури германските сили не се приближат. Кога германските тенкови би дошле на оддалеченост од неколку стотини метри сите топови од батериите би отвориле оган насочен кон само еден тенк, би го уништиле и веднаш би продолжиле со огнот кон следниот тенк. Во исто време, пешадијата која била поставена странично и минофрлачите кои биле во блага заднина би отвориле оган по германската пешадија.
Во прочуената битка кај селото Прохоровка на 12 јули учествувале околу 1.000 тенка од двете страни. Битката била завршена со пат-позиција: германскиот напад е запрен, но Советите не успеале да направат обрач околу противникот и да го уништат.
Црвеноармејци покрај германски „Пантер“ што го уништила советската артилерија покрај селото Прохоровка.
Рјумкин/SputnikКај Прохоровка Германците ги користеле своите најнови тенкови – Тигар 1 и Пантер, но излегло дека тоа не им дава предност.
Германски тенк. Битката кај Курск.
Bundesarchiv/Wolff/AltvaterЗа време на Курската битка уништени се некои од најдобрите германски единици. Податоците за германските загуби варираат и се движат до 500.000 (загинати, ранети, исчезнати). Овој број ги опфаќа и загубите кои се случиле за време на советската контраофанзива. Германската војска има изгубено околу 1.000 тенкови и оклопни возила и околу 3.000 авиони.
Нацисти заробени во Курската битка
Наталија Боде/SputnikПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче