Јохан Готфрид Танауер, „Петар на Полтавската битка“ од 1710-их. Државниот руски музеј, Санкт Петербург, Русија.
Global Look Press27 јуни (8 јули) 1709 година се одиграла битката кај Полтава, најважниот судир од ткн. Северна војна (1700-1721) Гравура на Ф. Симон „Полтавска битка“. Според оригиналот на Д. Мартен. Прва четвртина на 19. век. Државниот историски музеј (Москва).
Владимир Бојко/Global Look PressПобедата во решавачката Полтавска битка во 1709 година стана сензација во Европа: дивата руска мечка успеа да го победи моќниот шведски лав. Московија, која дотогаш никому не му била позната и која се наоѓала на задниот дел од Европа, одеднаш стана центар на вниманието на европските држави.
Без оглед на тоа што Петар Први ја добил титулата император по завршувањето на Северната војна во 1721 година, Европејците ја преименувале Русија во империја имено по победата на Полтава.
Северната војна ѝ овозможила на Русија да го заземе местото на Шведска и да стане хегемон во Источна Европа. Откако добила големи територии на Балтикот, закрепувајќи се на Балтичкото море, создавајќи моќна армија и флота, Русија се покажала како нова сериозна сила со која другите ќе мора да се пресметуваат.
„Битка кај Лесна“, Жан Марк Натије, 1717 /Музејот „Пушкин“
Музејот „Пушкин“На самиот почеток на војната во 1700 година руската и шведската војска се судриле под Псков. За време на нападот шведската кавалерија ненадејно се судрила сo чудни јавачи – калмицките јавачи на камили.
Калмиките, номади од јужна Русија, служеле во руската армија во нередовните единици, загрижувајќи ги шведските единици со своето брзо јавање на коњи. Понекогаш во борба се приклучувале и јавачи на камили.
Исплашени од изгледот на овие егзотични животни, шведските коњици се давале во бегство. Јавачите на камили кои биле зад нив извојувале победа.
Сликата на А. Е. Коцебуа „Битка кај Нарва“
Военоисторискиот музеј на артилерија и инженерни труповиРускиот цар Петар Први почнал да ги создава елитните единици неколку години пред почетокот на војната со Швеѓаните. Таканаречените Преображенски и Семјоновски полк биле единици на новиот за Русија европски тип кој се разликувал од застарените стрелечки единици.
На 2 септември 1700 година Петар Први им го дал на полковите називот „лејб-гардиски“, а веќе во ноември ги чекало тешко искушение – првата голема битка со војската на шведскиот крал Карл Дванаесетти кај Нарва.
За Русите оваа борба станала огромен пораз: загинале илјадници војници, настанала општа паника и хаос, офицерите почнале масовно да се предаваат. Исклучок биле само гардиските полкови кои го почитувале воениот ред, дисциплинирано и стоички ги одбивале нападите на Швеѓаните во текот на три часа што на крајот и ја спасило армијата од целосно уништување.
Петар Први штедро ги наградил гардистите, правејќи ги офанзивна сила на руската армија. Тој исто така наредил да се заменат нивните зелени чорапи со црвени како знак за тоа дека се бореле „до колена во крв“.
Полтавската битка (Северната војна, 1700-1721), мозаик на Михаил Ломонсов, Државнииот историски музеј во Москва.
Владимир Вдовин /SputnikСеверната војна била обележана со невидена жестокост и со јарост од обете страни, иако и во неа имало место за парадоксални и комични случки.
Неколку месеци пред поразот на шветската армија во Полтавската битка Карл Дванаесетти и Петар Први спровеле мировни преговори кои не донеле резултат. Сепак, за време на преговорите шведскиот посланик му предал на царот лична молба од кралот на Шведска.
Карл Дванаесетти му се жалел на Петар дека не може да обезбеди за својата војска прехранбени производи, дека многу војници се болни, а сојузниците Полјаци многу скапо бараат за испорака. Затоа, напишал Карл, тој би бил благодарен доколку Русите би можеле да му продаваат жито, вино, лекарства, барут и челик по прифатлива цена.
Петар Први не почнал да го вооружува противникот, но на шведските единици бесплатно им испратил три пратки пченица, две вино и неколку коли со лекарства.
Голема гравира Битката кај Гангут, Маурицио Бакуи, 1724-1727.
Централниот военопоморски музеј, Санкт ПетербургКон 1714 година Русија имала сериозни успеси во војната – веќе биле освоени централна и јужна Финска. Сепак Балтичкото море во целост го контролирал противникот, а тоа морало брзо да биде променето.
На седми август кај теснецот Ханхут (денешен Ханко) 99 руски галии нападнале единица од 10 шведски брода на чело со парнит „Елефант“, најголемото артилериско пловило со рамно дно. Користејќи го времето без ветар и грешката на Швеѓаните, разделувајќи ги своите сили, Русите ги зазеле непријателските бродови за време на абордажата, а учество лично зел Петар Први.
Во чест на победата во Санкт Петербург била поставена триумфална порта на која бил претставен орел кој седи на грбот на слон со натпис „Рускиот орел не лови муви“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче