Како челичните нерви на руската војска ѝ пресудиле на монголската војска

Стоење на реката Угра. Минијатура во руски летопис од 16 век.

Стоење на реката Угра. Минијатура во руски летопис од 16 век.

Википедија
Во 15 век Русија се судрила со монголската Орда на реката Угра, но без битка. Двете војски стоеле на спротивните брегови на реката и не стапувале во вооружена борба. Од овој судир Русија излегла како моќна, независна и централизирана држава.

Стоењето на реката Угра не е крунисано со вооружен судир, иако на секоја страна учествувале десетици илјади војници. За современиците овој настан имал чудно и мистично значење, и сфатен е како резултат на покровителството на Пресвета Богородица.

„Битката со нерви“ на реката Угра се водела меѓу трупите на московскиот велики кнез Иван Трети и ханот на Великата Орда Ахмат. Во руската историографија оваа конфронтација го означува крајот на две и пол вековниот јарем („татарски“ во старите руски извори) под кој биле кнежевствата на Стара Русија, претходницата на денешна Русија. 

Казнување на вазалот 

100 години претходно Татарите во Куликовската битка ги победил предокот на Иван Трети Дмитриј Донски, но Русија сепак морала да плаќа данок зашто била премногу слаба за да се крене против Златната Орда. Но, во текот на 15 век Ордата се распаднала. Москва во меѓувреме станала признат центар на расцепканите земји на Русија и под власт на кнезот Иван ја искористила стекнатата моќ и престанала да плаќа данок. 

Куликовското поле.

Ова многу го налутило ханот Ахмат, владетел на најголемата „одломка“ на Златната Орда. Тој решил да го казни дрскиот вазал, собрал армија од 80-90 илјади луѓе и тргнал на пат кон Москва. 

Непријатели од сите страни

Иван Трети веќе се подготвувал за бој против Татарите, но сѐ повеќе стравувал од неговиот исход, не само поради бројноста на Татарите, ами и поради сојузот на ханот Ахмат со стариот непријател, полско-литванскиот крал Казимир Четврти. Згора на тоа и двајцата браќа на Иван се кренале против него и му се придружиле на Казимир. За работата да биде уште полоша, на северот од земјата витезите од ливонскиот ред ги држеле под опсада руските тврдини. Поединци од најблиското опкружување на Иван биле против спротивставување на Ордата во такви услови и го повикувале кнезот да склучи мир со Татарите. Иван се колебал. 

„Од судбината не може да се избега“ 

Армијата на ханот Ахмат во меѓувреме се приближила на реката Угра (околу 200 километри југозападно од Москва), и веќе непосредно ја загрозувала престолнината. Тука Монголците се соочиле со руската војска која ја предводел синот на Иван, Иван Помладиот. Армиите зазедоа положба на спротивните страни на реката. 

Казимир сѐ уште ги немал обединето своите сили со ханот, но од тоа на кнезот Иван не му било полесно. Тој му наредил на сина си да ја напушти армијата и да се врати во Москва, каде бил формиран специјален совет за осмислување на борбена стратегија. Но, синот на Иван се оглушил на наредбата, тврдејќи дека тој со својата армија мора да остане и да се бори. 

Казимир IV, Јан Матејко.

Според некои податоци, жителите на Москва го повикале кнезот да се бори против освојувачот. Духовникот на Иван, архиепископот Васијан, вака му се обратил на московскиот владетел: „Треба ли смртниците да плашат од смртта? Од судбината не може да се избега. Јас сум стар и слаб, но не се плашам од татарскиот меч“. Како што пишува историчарот Николај Борисов, Иван не можел да остане настрана, зашто така би се посрамотил. Така, на почетокот на октомври решил да се потпре на својата армија, и тоа го сторил во вистински момент. 

Топови и аркебузи 

Ханот Ахмат на 6 октомври со својата армија се обидел да ја премине реката која била широка 120-140 метри, Линијата на раздвојување била долга 60 километри и насекаде имало спорадично препукување. Монголците четири дена се обидувале да ја преминат реката, но без успех. Така не можеле да ја искористат коњицата како главен адут, зашто не можеле да ја минат реката. Во секој обид страдале од огнот што Русите го отворале од топовите и од други пушки, познати како аркебузи. 

Иван Трети го кине писмото на ханот. Според легендата, Иван Трети го искинал писмото на Ахмат во кое тој побарал да се плати данокот.

Руските офицери формирале специјални групи пешадија со топови и аркебузи и ги поставиле во близина на местата каде Монголците најчесто се обидувале да ја минат реката. Останатите единици и коњицата биле распоредени долж реката и можеле да се преместуваат во случај на потреба. Како што истакнува современиот историчар Јуриј Алексеев, ханот Ахмат им наредил на своите единици да продолжат со обидите за преминување на реката, но сѐ било залудно. 

Конфронтацијата на реката траела до 26 октомври, кога Иван Трети ги повлекол сите сили од Угра и ги сконцентрирал околу соседниот град. Наскоро реката замрзнала и повеќе не можела да служи како упориште. Ахмат со своите единици останал на брегот до 6 ноември, а потоа отстапил зашто не бил подготвен за борбени дејствија во зимски услови. 

Ахмат не се плашел само од „генерал Мраз“, ами и од новата руска армија, објаснува Алексеев. Тоа повеќе не била армија на кнежевството, ами армија на новата централизирана држава која Иван Трети ја претворил во Великото Кнежевство Москва. Како што пред 150 години рекол Карл Маркс, „Европа кога на почетокот на владеењето на Иван Трети била слабо запознаена со Московското Кнежевство, стеснето помеѓу Литванците и Татарите, била изненадена од појавата на огромната империја на своите источни граници“.

Прочитајте уште: пет судбоносни победи на руската армија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња