Постар поручник Иван Шевцов, иден херој на Совјетскиот Сојуз, до германскиот тенк „Тигар“ којшто тој лично го онеспособи. Курската битка, 1943. Фотографија из слободних извора.
Фотографија од слободни извориСпоред размерите, според ангажираните сили и средства, според интензитетот, резултатите и военополитичките последици, Курската битка е една од клучните битки во Втората светска војна.
Во хронологијата на Втората светска војна Курската битка зазема посебно место. За неа се вели дека направила пресврт во текот на војната. Тоа бил крај на германската офанзива. По контранападите на советската армија кај Москва и битката за Сталинград ова е трета операција која конечно го решила исходот од судирот помеѓу СССР и Третиот рајх.
Според мислењето на многумина воени историчари за време на целата војна СССР има изведено само две толку успешни одбранбени операции. Толку сјаен успех како во Курската битка постигнат е уште и во Унгарија кај езерото Балатон. За волја на вистината, тоа беше февруари 1945 година, кога Хитлеровата војска веќе не била толку моќна како две години претходно кога германските сили јуришале на истурените курски позиции со цел да ја опкружат и да ја уништат советската армија. Пролетта 1943 година Хитлер сè уште имал прекрасна шанса да направи пресврт во војната. Сепак, тоа бил само привид, зашто тогаш веќе минало времето кога советските дивизии запаѓале во германските обрачи: Црвената армија веќе научила како да војува, така што Германија немала никакви шанси.
Пролетта 1943 година кога германската команда мислела да ја изведе операцијата „Цитадела“ состојбата на фронтовите веќе била стабилизирана. Сите сфатиле дека по Сталинград на Германија не ѝ е доволна само голема победа. За Хитлер во таа ситуација единствен излез бил да ја собори целосно Црвената армија.
Мнозинството Европејци не знаеле ни каде се наоѓа Курск, но желбата на Хитлер да им се одмазди на Русите за Сталинград била толку голема, што поради тоа го избрал овој град за главен правец на офанзива. На Хитлер му била потребна политичка победа која на германската војска би ѝ го вратил угледот на „непобедлива армада“.
Но, советската команда успеала да го дознае не само местото на кое Хитлер ќе изврши офанзива, ами и главните правци на неговите напади. Овие податоци во март овозможиле подготват за одбрана на курските истурени позиции да започнат многу пред почетокот на операцијата „Цитадела“.
Во претстојната битка Хитлер, според сведоштвата на германските војсководци, полагал голема надеж во новата оклопна механизација, сметајќи дека таа ќе му го надополни хроничниот недостиг од тенкови и од луѓе. Сепак, ниту „Тигрите“, нити „Пантерите“, нити „Фердинандите“ не одиграле решавачка улога во операцијата „Цитадела“. Бројот на „Тигрите“ (вкупно 150) не одговарал на потребите на армијата. Пред самата битка стасале 210 „Пантери“, но излегло дека тие се мошне несигурни – во текот на битката се расипале 162 тенка. Затоа „Фердинандите“ се префрлени на предните позиции, иако нивната позицијата требала да биде зад тенковските колони. „Нападите со „Фердинандите“ често завршувале на минските полиња, каде онеспособените машини станувале лесна мета за советските противтенковски топови.
Германската офанзива започнала на 5 јули, но не онака како што замислиле Германците. Советската армија имала податоци за тоа каде се наоѓаат германските дивизии кои требале да ја започнат офанзивата, па отвориле артилериски оган на нивните позиции. Битката траела 50 дена и завршила на 23 август 1943 година со победа на Црвената армија.
Во Втората светска војна имало многу настани кои можат да се сметаат за почеток на крахот на Третиот рајх. Конкретно, многумина руски и западни историчари сметаат дека самиот напад на Германија врз СССР бил моментот по кој деновите на нацистичка Германија биле одброени. Битката кај Москва, кај Сталинград, кај Курск – сиве овие славни победи ја приближиле Црвената армија кон Берлин. Во октомври 1941 година во битката кај Москва станало јасно дека блицкригот не успеал, а кон крајот на 1942 и почетокот на 1943 година, по битката за Сталинград целиот свет дознал дека советската армија може да зададе смртоносен удар на германската армија. И навистина, во 1943 година кај Курск германската армија добила таков удар од кој повеќе не можела да закрепне. Сите споменати датуми се еднакво значајни за историјата, сите тие биле чекори кон победата и скалила по кои советскиот војник итал кон врвот на својата слава.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче