Петар Велики
Пол Деларош: „Петар Велики“
Кунстхале во ХамбургПрвиот руски цар кој ја зел титулата император буквално го сменил изгледот на земјата. Ја основал морнарицата и го изградил Санкт Петербург како „прозорец кон Европа“. Исто така на жените им наложил да носат облека во европски стил со деколте, а на болјарите да ги избричат долгите бради.
Николај Ге: „Петар I го сослушува принцот Алексеј Петрович во Петерхоф“
Како и многу генијални луѓе Петар Велики бил нервозен и сомничав. Бил решен да ја задржи власта и сметал дека неговиот син Алексеј подготвува завера против него, па го уапсил и го затворил во тврдината Петар и Павле. Тука младиот принц умрел од непознати причини (веројатно поради мачењата на кои бил изложен).
Луи Каравак: „Портрет на царицата Ана Ивановна“
Третјаковска галеријаАна, братучетката на Петар Велики, 20 години проминала во Војводството Курландија. Во 1730 година, по смртта на Петар Втори, внуката на нејзиниот дедо, била повикана да го преземе рускиот престол. Но, во Санкт Петербург таа со себе го довела својот миленик и љубовник Ернест Бирон. Тој во следната деценија владеел со империјата.
Валериј Јакоби: „Дворски будали на дворот на царицата Ана“
Третјаковска галеријаАна не ја интересирала многу политиката. Сакала дворски сплетки и, малку слично на Луј Четиринаесетти, била лекомислена господарка која ги сакала дворските будали и многу пари трошела на забава.
Виргилијус Ериксен: „Портрет на Елисавета“
Музеј Царско селоЕлисавета Петровна била ќерка на Петар Велики и нејзиното владеење е забележано како доба на просветителството. Го основала Московскиот универзитет, го развила националниот пазар и ја отворила Академијата на уметностите. Практично ја укинала смртната казна во Русија, со оглед на тоа дека оваа казна за време на нејзиното владеење не била извршувана.
Валентин Серов: „Петар II и принцезата Елисавета во лов со кучиња“
Државен Руски музејЕлисавета била многу блиска со својот внук, младиот цар Петар Втори. Тие заедно често приредувале забави и оделе на лов и на долги прошетки. На дворот дури и се зборувало за нивен можен брак. Да дошло до тоа многу порано би станала царица. Но, морала да чека 11 години и на тронот да се сменат уште два цара пред таа конечно да ја преземе круната.
Владимир Боровиковски: „Екатерина Велика“, 1779.
Уметнички музеј „Коваленко“Оваа германска принцеза била исклучително моќна и е една од оние што владееле најдолго (34 години). Го наследила својот сопруг, необичниот и слабоумен Петар Трети, кој ја сакал Германија повеќе од Русија.
Владимир Боровиковски: „Екатерина Велика во прошетка по паркот во Царское село“, 1794.
Третјаковска галеријаЕкатерина била модерна, напредна владарка. Таа дури и се допишувала со Волтер и со Монтескје. Сè до својата старост Екатерина имала голем број љубовници и миленици на кои им давала скапи подароци, па дури и дворци. Кога имала 60 години нејзиниот најмлад љубовник имал 20. Често патувала помеѓу Санкт Петербург и Москва. На тој пат подигнала неколку дворци, така што по пат можела да се одмори во луксузно окружување. Во некои резиденции има престојувано само еднаш.
Степан Шчукин: „Портрет на императорот Павел Први“
Државен Руски музејСлабиот син на моќната Екатерина не бил човек со висок интелект, како и неговиот татко Петар Трети. Освен тоа, имал и чувствителен нервен систем. Како мало момче ги сакал воените игри, униформите и маршевите кои често ги организирал во Гатчинскиот дворец.
Владимир Боровиковски: „Портрет на царот Павел Први“
Павел насекаде гледал предавство и живеел во страв дека ќе биде убиен. Затоа го изградил Михаиловскиот замок во Санкт Петербург со силна одбрана, вклучувајќи и ровови кои го опкружувале како средновековна тврдина. Но, судбината го надитрила: убиен е во својата спална соба во замокот. Освен тоа, неговиот син знаел што се подготвува, но не сторил ништо за да го спречи тоа.
Франц Кругер: „Портрет на Александар Први“, 1837.
ЕрмитажСинот кој знаел за убиството на татка си бил Александар Први. Бил омилен внук на Екатерина Велика и ветил дека ќе владее како својата баба. Бил цар-просветител кој со своите велможи донел просперитет.
Никола Госе: „Тилзитска средба: Наполеон, рускиот цар Александар Први, Луиза и Фридрих Вилхелм III, кралот на Прусија“, 1807.
Александар Први е славен како победник над Наполеон и ослободител на Европа. Единствениот проблем лежел во тоа што не ја сакал власта и бил многу попустлив. Затоа некои луѓе, кога умрел на југот од Русија, тврделе дека тој всушност ја лажирал својата смрт, се претворил во монах и го продолжил животот во тајност..
Егор Ботман: „Портрет на Николај Први“
Пушкински музејВо споредба со својот попустлив брат, Николај бил строг владетел кој го основал Третото одделение, првата руска тајна полиција, задолжена за следење луѓе и за политички спорови. За време на неговото владеење цензурата го достигнала пикот.
„Николај Први на Сенатскиот плоштад во Санкт Петербург на 14 декември 1825 година“
За време на релативно либералното владеење на Александар Први неговото благородништво конечно видело како живеат Европејците и одлучило дека на Русија ѝ е потребен сопствен устав кој би го ограничил царското самоволие. Тајните друштва, кружоците и состаноците довеле до востание на декабристите на Сенатскиот плоштад во Санкт Петербург, кој бил сурово задушен.
Егор Ботман: „Портрет на Александар Втори“
ЕрмитажСтилот на владеењето со Русија во текот на 19 век се менувал. Либералниот пристап на Александар Први бил заменет со цензурата и со тајната полиција на Николај Први, за дел од слободата да се врати во времето на Александар Втори.
„Портрет на Александар Втори“ од непознат уметник
ЕрмитажНо, кога луѓето ќе почувствуваат слобода, обично креваат востание и применуваат револуционерен тероризам, како за времето на владеењето на Александар Втори. Тој ги ослободил селаните и го укинал кметството во Русија. Сепак, имало неколку обиди за атентат врз него. На крајот бил убиен со помош на бомба. Дури и по неговата смрт луѓето се обидувале да го докрајчат: погледнете ги само трагите од нож на сликата која е направена за време на Октомвриската револуција.
Иван Крамској: „Портрет на Александар Трети“
Државен Руски музејАлександар Трети бил типичен Русин: голем, силен и храбар. Во една пригода патувал со своето семејство кога се случила тешка железничка несреќа која однела многу животи, вклучувајќи ги и неговите слуги и следбеници. Но, царското семејство за некакво чудо останало неповредено. Александар Трети како Атлас успеал на своите рамена да го задржи покривот од вагонот додека не стасала помошта.
Валентин Серов: „Портрет на Александар Трети“
Државен Руски музејАлександар бил човек со големо срце. Бил семеен човек, непретенциозен во секојдневниот живот, Често работел до доцна во ноќта. Постои една анегдота за неговата смисла за хумор: Еднаш некој војник кој се викал Орешкин се напил во кафеана и направил џумбуш, па луѓето се обидувале да го смират. Му го покажале портретот на царот кој висел на ѕидот и му рекле дека треба да го почитува присуството на монархот. Орешкин тогаш грубо рекол дека не му е гајле за царот, па против него била покрената тужба. Но, кога Александар Трети слушнал за ова, го ослободил Орешкин, велејќи дека и нему не му е грижа за тој војник.
Иљја Репин: „Портрет на Николај Втори“, Историски музеј
Трагично познат по тоа што е убиен со целото свое семејство, последниот руски цар изгледа дека бил пријатна личност. Ја сакал жена си Александра, уживал во возење со брод, во лов на диви птици и во други обични нешта. Не бил човек за власт.
Валентин Серов: „Портрет на Николај Втори“
Третјаковска галеријаНесреќната судбина на Николај довела до тоа да биде запаметен како Николај Крвавиот. За тоа е пред сè одговорна трагедијата што се случила за време на неговото крунисување. На масовниот собир кој бил лошо организиран, до смрт биле прегазени 1.379 луѓе, а многу повеќе биле повредени. Освен тоа, неговото владеење го одбележале Првата светска војна и Октомвриската револуција.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче