Првпат во историјата „Гаспром” работи со загуби

turkstream.info

Во првиот квартал од 2020 година „Гаспром” првпат во историјата работеше со загуби според руските стандарди за сметководство. Загубите изнесуваа 306 милијарди рубли (3,8 милиони евра), објави „Интерфакс”.

Зимскиот период традиционално се смета за најдобар за рускиот извозник на гас со оглед на тоа дека побарувачката во тие месеци е најголема. Пред година дена руската компанија оствари профит од речиси 200 милијарди рубли.

Во вториот и третиот квартал „Гаспром“ повремено бележеше загуби, но ситуацијата е секогаш компензирана во првиот квартал, во кој некои години е забележано и до половина од годишниот профит. Четвртиот квартал, во кој спаѓа и еден зимски месец, за компанијата беше втор по значење.

За „Гаспром“ проблем создаде необично топлата зима и преполнетоста на европските складишта кои руската компанија интензивно ги полнеше со гас за да ја подобри статистиката за 2019 година. На лошите резултати влијаеше и зголемената испорака на течен природен гас. Значително поголемата понуда од побарувачка доведе до рекордно ниски цени на горивото.

Извештајот ги опфаќа само податоците на главната компанија, додека податоците врз основа на меѓународните стандарди за сметководство, кои ги опфаќаат и компаниите-ќерки, засега се достапни само за четвртиот квартал од 2019 година. Тие покажуваат дека чистиот профит бил преполовен и изнесувал 165 милијарди рубли, а поради исплатата на надомест на „Нафтогас“ врз основа на одлуката на Арбитражниот суд во Стокхолм, дојде до дефицит од 186 милијарди рубли.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња