Во Русија пронајден дијамант со исклучително ретка лимон-жолта нијанса

Економија
RUSSIA BEYOND
Дијамантот со исклучително ретка интензивна лимон жолта нијанса, јувелирски квалитет и маса од 47,6 карати е изваден на наоѓалиштето „Владимир Гриб“ во Мезенскиот реон во Архангелската област во Русија.

Како што соопшти службата за односи со јавноста на регионалното Министерство за природа, дијамантот е пронајден на 13 јули. Стручњаците веќе констатираа исклучително правилен облик, чистина и отсуство на технолошки оштетувања.

Освен тоа, на 8 јули на истото наоѓалиште беше ископан голем дијамант со јувелирски квалитет со маса преку 81 карати. Во мај беа пронајдени дијаманти со маса преку 127 и преку 222 карати (најголемите во историјата на подрачјето на Европа).

Наоѓалиштето на дијаманти „Владимир Гриб“ е четврто според резервите во Русија и седмо во светот. Откако во 2014 година официјално беше отворен рударско-преработувачкиот комбинат, извадено е преку 9 милиони карати дијаманти. Вкупните количини се проценуваат на сто милиони карати. 

Прочитајте повеќе: Тајната на жолтите дијаманти