Погледнете го огромниот розов дијамант што го извади руска компанија

АЛРОСА

Ако имате неколку милиони долари вишок и барате начин да ги потрошите, дијамантот е добра инвестиција.

Единствениот розов небрусен дијамант (27,85 карати), кој минатата година во Јакутија во Русија го извади компанијата „Алроса”, наскоро ќе оди на продажба. Компанијата наводно планира да го исече, избруси и продаде, но цената нема да биде ситница. Во небрусена состојба овој скапоцен камен е проценет на 14 милиони долари, а по обработката цената би можела вртоглаво да му порасне и така би можел да стане најскапиот дијамант во историјата на „Алроса”.

Димензиите на дијамантот се 22,47 мм x 15,69 мм x 10,9 мм и речиси да нема недостатоци, а значително го надминува претходниот рекорд на компанијата „Алроса” кога се работи за розови дијаманти. Досегашниот најголем розов дијамант на оваа компанија имаше 3,86 карати и беше пронајден 2012 година. Доколку не се смета овој примерок, „Алроса” во последните осум години пронајде само три розови дијаманти кои беа потешки од два карати. Компанијата исто така објави дека во своите ископувања отприлика еднаш годишно пронаоѓа обоен дијамант потежок од 10 карати.

Погледнете го видеото: Огромен рудник во „дијамантската престолнина“ на Русија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња