Крупен дијамант со јувелирски квалитети тежок 118,91 карати е изваден во рудникот „Интернационални“ во Јакутија, се наведува во соопштението на државната компанија „Алроса“ што пристигна во редакцијата на порталот „Лента.Ру“.
Дијамантот е изваден на 16 април, со жолтеникава нијанса и со многу изразени рабови. На едниот раб има комбинирана напукнатина, а во централната зона помали наслаги. Ова во изминативе две години е најкрупниот примерок на дијамант со јувелирски квалитет пронајден во овој рудник.
„Овој дијамант е единствен по тоа што и покрај наслагите во центарот има голема површина на чиста зона, поради што е и јувелирски“, објасни Евгениј Агуреев, директор на единствената организација за пласман „Алроса“. Според него, токму од рудникот „Интернационални“ компанијата вади најмногу дијаманти со јувелирски квалитет. Извадениот камен може да го добие називот во чест на новото наоѓалиште на компанијата „Зарја“, во пресрет на чие отворање е откриен.
Во февруари компанијата го покажа најголемиот розов брилијант кој некогаш е направен во Русија. Тежок е 14,83 карати, а направен е од дијамант изваден 2017 година на наоѓалиштето Ебељах во Јакутија. „Алроса“ планира да го продаде и оствари голема заработувачка.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче