Руската компанија за производство на дијаманти „Алроса“ се пофали со најголемиот дијамант изваден последниве неколку години, чија маса изнесува 191,46 карати. Овој скапоцен камен е пронајден на наоѓалиштето на Рударско-преработувачкиот комбинат во Удачни, пренесуваат руските медиуми, повикувајќи се на соопштението на компанијата.
Каменот со димензии 40х31х20 мм е проѕирен, со мала жолтеникава нијанса, добиен е на кимберлитскиот вулкански канал Удачни. Камен со слични димензии е пронајден пред малку повеќе од 2,5 години. Ваквите пронаоѓања на големи дијаманти со јувелирски квалитет со тежина од преку сто карати потврдуваат дека во резервите на кимберлитскиот вулкански канал Удачни се наоѓаат големи количини на уникатен скапоцен материјал. Од почетокот на развојот на каналот во 1967 година, компанијата на споменатото наоѓалиште има извадено стотици големи дијаманти.
„Во блиска иднина овој редок примерок го очекува детално проучување и процена“, рече директорот на Единствената продажна организација „Алроса“ Евгениј Агуреев.
Руската „Алроса“ е најголемиот производител на дијаманти во светот. Се занимава со ископување на дијаманти на територијата на Република Саха (Јакутија) и во Архангелската области. Полани претпријатијата од групата „Алроса“ ископаа 39,6 милиони карати дијаманти. Приходот од продажба на дијаманти изнесуваше 4,2 милијарди долари, а на брилијанти 96,9 милиони долари.
Во август минатата година „Алроса“ продаде на аукција брилијант од 51,38 карати, најголемиот од колекцијата „ Династија“ и истовремено најскапиот руски брилијант. Пред две години на наоѓалиштето на Рударско-преработувачкиот комбинат во Удачни беше пронајден камен од 207,29 карати.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче