Focus: „Лада“ си заминува од европскиот пазар

Global Look Press
Паднаа првите жртви на новите, многу строги еколошки правила ЕУ – „Лада“ си оди од европскиот пазар, пишува германски „Фокус“ (Focus). Би било штета доколку Европејците останат без ова култно возило кое според статусот може да се мери со моделите Jeep Wrangler или Mercedes-Benz G-Klasse, смета авторот на статијата. Меѓутоа, „Лада 4×4“ (поранешната „Нива“) може и да се модернизира, додека моделот „Веста“ без проблем може да се натпреварува за наклонетоста на купувачите со соодветна куповна моќ.

Во април беше соопштено дека руската марка „Лада“ го напушта европскиот пазар, но дека компанијата има идеја како да обезбеди успешна иднина во Европа.

Увозникот Lada Deutschland постигнаа договор „Лада 4×4“ со три врати сепак да пристигне на германскиот пазар во помали серии од најмногу 1000 примероци. Тоа беше потврдено оваа недела на „Фејсбук“ од страна на директорот на дистрибутивната компанија Макс Шмит. Претходно, теренецот на „Лада“ со погон на сите четири тркала беше познат под називот „Нива“. Автомобилите склопени до крајот на мај 2019 година увозниците ќе си поделат меѓу себе. Компанијата билите ќе бидат дистрибуирани меѓу увозниците. Компанијата Lada Deutschland во иднина ќе го модифицира познатото  теренско возило колку што ѝ дозволуваат можностите, така што во 2020 година може да им понуди на клиентите прилагодена варијанта. Тоа значи дека германскиот увозник ќе стане во некоја рака и производител.

Ако се испочитуваат еколошките правила на ЕУ, цената ќе скокне за 53%

Во тој случај моделот 4×4 поради специјалниот начин на производство би ја изгубил својата главна предност, а тоа е ниската цена. Сега овој модел со дополнителна заштита од корозија чини 11990 евра, додека цената на тјунираната верзија Urban е 13290 евра. Покрај тоа, постои и многу поголема верзија со пет врати и таа е поскапа за уште 1500 евра.

Со новите еколошки правила на ЕУ цените ќе скокнат брзо. Според Шмит, моделот 4×4 ќе поскапи за цели 6400 евра. Сега „Лада 4×4“ е сертифицирана во согласност со WLTP-нормите (Светска усогласена постапка за тестирање на возила) и троши 9,8 литри на 100 километри, а испушта 226 грама јаглерод диоксид по километар.

Мора ли „Лада“ да си замине поради „Дачија“?

Целта на новата одлука на ЕУ е да го стимулира купувањето на електрични автомобили кои ни најмалку не ја загадуваат атмосферата, како и на хибридните автомобили чии норми на емисија на штетни гасови се на апсурдно ниско ниво. Но, и едните и другите можат да се користат само за пократки возења.

Инсајдерите во автомобилската индустрија претпоставуваат дека постои и друга причина за заминувањето на „Лада“ од западноевропскиот пазар. Имено, од јануари 2017 година „Лада“ е дел од групата „Рено“ (Renault), а моделите „Веста“, XRAY и 4×4 се конкуренција на автомобилите на фирмата „Дачија“ (Dacia), која исто така е дел од концернот на „Рено“. Тие исто така го покриваат поевтиниот сегмент на пазарот. Меѓутоа, тешко дека „Дачија“ ќе ги утеши љубителите на „Лада“. Теренецот „Дастер“ (Duster) со основна опрема чини 11490 евра, но погонот на сите четири тркала чини најмалку 15600 евра, со тоа што неговите теренски можности се прилично скромни.

Поради тоа на љубителите на „Лада“, но и на прагматичните купувачи, може да им се посоветува уште еднаш подобро да се запознаат со асортиманот на „Лада“. Не е исклучено дека на ситуацијата можат да влијаат претставници на руските политички кругови, со оглед на тоа што „Лада 4×4“ има култен статус во категоријата теренски возила и дека на некој начин може да се спореди со статусот на моделите Jeep Wrangler или Mercedes-Benz G-Klasse. Што се однесува до седанот „Веста“, тој без проблем може да им биде конкуренција на другите модели од истата категорија. Затоа ќе биде голема штета доколку Русите доброволно се согласат нивниот познат автомобил да се повлече од пазарот.

Прочитајте повеќе: Еве зошто новата „Лада Нива“ воодушеви германски експерт

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња