АвтоВАЗ: Што можеме да очекуваме од сериската варијанта на новата Лада Нива?

Lada.ru
Концептниот автомобил Lada 4×4 Vision е прототип на новата генерации теренци Лада Нива, а за првпат е претставен на Московскиот меѓународен саем на автомобили 2018

Посетителите на саемот имаа само едно прашање: Кога ќе почне сериското производство? На ова прашање одговори стручњакот од прес-центарот на АвоВАЗ Стас Березиј.

Тој истакна дека концептните возила служат само за тестирање на реакцијата на потрошувачите на различни решенија на производителот. Често се прикажува на саемите за да се проверат реакциите на потрошувачите, а дури потоа производителот решава кои технологии ќе ги задржи, а кои ќе ги измени. Концептните автомобили практично никогаш не одат во сериско производство, ами придонесуваат за создавање и за одржување на имиџот на брендот, подготвуваат јавно мислење за радикални промени во дизајнот или во техничките решенија.

Ако на саемот не е претставен ниту претсериски, ниту пилот-модел, ами концептно возило, тоа значи дека во него можеме да ја видиме тенденцијата на развој на брендот. Но, големo прашање е дали таа ќе биде реализирана.

Како пример експертот го наведе концептниот автомобил Lada XRAY кој имаше три врати, огромни тркала и спуштени столбови на каросеријата. На крајот во прототипот беа искористени само општите стилски решенија што го добија моделите Lada Vesta и Lada XRAY.

Доколку го погледнеме концептното возило Lada 4x4 Vision, можеме да забележиме дека тоа нема централен столб и дека вратите се отвораат една кон друга. Тоа не е типично за сериските автомобили. Тоа значи дека ако Lada 4x4 Vision влезе во сериско производство, од концептот ќе бидат задржани само стилските решенија. Притоа се истакнува дека новиот руски теренец на пазарот веројатно нема да се појави пред 2022 година.`

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња