За руските „Лади“ затворен патот во Европа

Lada.ru

Рускиот производител на автомобили АвтоВАЗ ќе го запре на определено време извозот на автомобили од марката „Лада“ во Европа, најави претставник на оваа компанија, пренесуваат руските медиуми.

Како што се наведува, како приоритетни пазари најголемиот руски производител на автомобили ги разгледува земјите од ЗНД, Латинска Америка и Блискиот Исток.

„Во врска со заострувањето на еколошките стандарди во европските земји ние ја коригираме нашата извозна дејност во тој регион. Секако дека во еден момент на некое време ќе мораме да ги напуштиме. Сепак, имаме во план во цврста соработка со нашите партнери од алијансата да направиме глобален модел и да се вратиме на тие пазари“, рече претставникот на АвтоВАЗ.

Како што се наведува, запирањето на испораката е причинето од воведувањето нови, построги, еколошки стандарди во врска со издувните гасови и дизел-горивото, предвидени за автомобилите што се продаваат во Европската Унија (возилата на АвтоВАЗ не ги задоволуваат). Така од средината на пролетта годинава ќе престане извозот на „Лада“ на пазарите на Германија и Австрија, но автомобилите од магацините ќе се продаваат уште некое време. Интересно е дека клиентите во Германија за најдобар теренец, имајќи го предвид односот на цената и квалитетот, ја избраа токму „Лада 4x4“.

„Производството нема да претрпи никаква штета. Испораките во Европа беа мали, а европската квота за автомобили ќе отиде без никаков проблем на другите пазари“, изјави за агенцијата ТАСС Сергеј Илински, директор на секторот за комуникации на АвтоВАЗ, наведувајќи дека враќањето на европскиот пазар е планирано за неколку години.

Минатата година АвтоВАЗ го зголеми извозот за 64 отсто, испорачувајќи во странство во првото полугодие 16,592 илјади автомобили. На домашниот пазар во март оваа година беше забележана продажба на 33,82 илјади возила, што претставува раст од 10,1 отсто во споредба со истиот период лани.

Најмногу „Лади“ минатата година беа продадени во Казахстан, преку 13,1 илјади. Инаку, АвтоВАЗ таму има производствени капацитети, во фабриката „Азија ауто“ се произведуваат практично сите модели. Според обемот на извоз Белорусија се наоѓа на второто, а Узбекистан на третото место.

Прочитајте повеќе: Еве зошто новата „Лада Нива“ воодушеви германски експерт

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња