АвтоВАЗ го заштити дизајнот на наследникот на „Лада 4х4“

АвтоВАЗ

Најголемиот руски производител на автомобили АвтоВАЗ го регистрираше патентот за дизајн на новиот автомобил во сегментот на теренските возила.

На снимките приложени со барањето за упис на патентот е прикажан модел сличен на концептот на возилото Lada 4х4 Vision кое оваа компанија го претстави на саемот на автомобили во Москва во август минатата година.

Документот е достапен на порталот на Федералниот институт за индустриска сопственост. Автомобилот, како што се верува, ќе биде замена за теренецот „Лада 4х4“.

Дизајнерите најдоа инспирација во актуелната „Лада 4х4“, за што говорат карактеристичните вентилациски отвори во задниот дел и  визуелно камуфлираните задни врати кои прават автомобилот како да има три врати, како оригиналната „Лада 4х4“, пренесуваат руските медиуми. Претходно АвтоВАЗ ги повика руските граѓани да смислат име за новиот теренец, па се претпоставуваше дека се мисли токму на наследникот на „Лада 4х4“.

Според претседателот на АвтоВАЗ Никола Мор, новиот автомобил во сегментот на SUV автомобилите би можел да се појави во продажба во 2021-2022 година. Тој не ја отфрла можноста за паралелно производство на возилата 4x4 Vision и „Нива“.

Актуелната „Лада 4x4“ е достапна во две каросериски верзии, со три и пет врати. Без оглед на конфигурацијата, теренецот е опремен со бензински 1,7-литарски мотор од 83 КС, со осум вентили, петбрзински мануелен менувач и погон на сите четири тркала. Почетната цена на теренецот е 518900 рубли.

Инаку, без оглед на нејзината долготрајност, продажбата на „Лада 4х4“ во првото тромесечје на оваа година порасна во однос на истиот период лани, па така ова возило се најде на 12. Мести меѓу 25 најпродавани модели во Русија.

Претходно АвтоВАЗ ја извезуваше „Лада 4х4“ во Европа, но сега се појави проблем поради еколошките прописи кои ја регулираат емисијата на издувни гасови и несообразноста на рускиот автомобил со нив. Меѓутоа, теренецот кој минатиот месец наполни 42 години, во Боливија, да речеме, се котира одлично, како и во бројни други земји со сложени климатски услови и планински терени.

Прочитајте повеќе: За руските „Лади“ затворен патот во Европа

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња