Најголемиот руски производител на автомобили АвтоВАЗ одлучи да го направи својот најпопуларен седан уште подостапен и на пазарот пласираше нова верзија чија почетна цена е 595 илјади рубли.
Во новиот основен пакет Standart седанот Lada Vesta е опремен со 1,6-литарски мотор, мануелен менувач, две воздушни перничиња, систем за реагирање на несреќи ЕРА ГЛОНАСС, систем за стабилизација, електрични ретровизори, електрични предни прозорци.
Оваа модификација во понудата е по цена од 594,9 илјади рубли (околу 7930 евра), што е за дваесет илјади рубли помалку од претходниот основен пакет, се наведува во соопштението за односи со јавноста на производителот.
Сличен според нивото на опременост и карактеристиките. Караванот Lada Vesta SW Classic во дополнителниот пакет Start има клима-уред, предни седишта со греење, разладна преграда за ракавици и шини на покривот и чини 28 илјади рубли помалку од претходникот, односно 676 илјади рубли.
Lada Vesta SW Cross во поскапата верзија Comfort отсега ќе може да се купи за 780 илјади рубли, што е за 25 илјади поповолно во однос на претходниот основен пакет. Меѓутоа, од АвтоВАЗ не откриваат на кој начин успеале да ја намалат цената на ова семејство автомобили.
Lada Vesta е најпопуларното возило на рускиот пазар во 2018 година со продадени 108364 примероци, што е за 40 отсто повеќе отколку во 2017 година.
АвтоВАЗ најави почеток на продажбата на моделот Lada Vesta Sport со 1,8-литарски мотор од 145 КС, чија почетна цена изнесува 1,01 милиони рубли. Според податоците од декември, АвтоВАЗ продал околу 360 илјади возила, што е 15,5 отсто повеќе од 2017 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче