Еве зошто новата „Лада Нива“ воодушеви германски експерт

Global Look Press

Германските експерти во сферата на автомобилската индустрија се воодушевени од обновената „Нива“, руското теренско возило под називот Lada 4×4 Vision. Германците навистина не можат да разберат како тоа автомобил кој се произведува од 1976 година може успешно да му конкурира на нивниот Mercedes G-Class.

Lada Niva со незначителни промени се произведува од 1976 година. Моделот ги има сите класични карактеристики на руските автомобили – совладува тешки терени, сигурен е, економичен и притоа не е скап.

„Автентична стара техника за шумски работници и ловци“, воодушевено го опиша руското возило автомобилскиот експерт на магазинот „Штерн“ Гернот Крампер.

За обновената „Нива“, модел Lada 4×4 Vision, авторот на текстот зборува со нескриен восхит.
Според него, новитетот на руската автомобилска индустрија повеќе не се врзува за носталгичните патувања низ времето и осумдесеттите години на минатиот век, туку изгледа елегантно и дури по малку и агресивно.

Наследникот на „Нива“ ќе има модерен погон, вградени програми за возење и автоматски менувач. „Идеален за мочурливи и тешки терени, но невешт на пат“,напиша експертот. Покрај тоа, фабриката од Толјати го класифицира „Лада Нива“ како теренец, а под вистински теренец во Русија традиционално се подразбираат автомобили како што е УАЗ „Хантер“, пишува авторот на текстот.

Обновеното теренско возило на најголемиот руски производител на автомобили влезе во сериско производство есента минатата година. Класичниот теренец доби нова инструмент-табла и дополнителни опции.

Во понудата се три варијанти на возилото Lada 4×4 Vision кои се разликуваат по бројот на врати и off-road опцијата. Најевтината нова „Нива“ може да се набави по цена малку поголема од 400 илјади рубли (околу 5300 евра). Во Германија Lada 4×4 Vision чини околу 11 илјади евра.

Погледнете го видеото: 10 неверојатни примероци на легендарната Лада Нива

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња