„Гаспром“ ги најави првите испораки на гас преку цевководот „Турски тек“

Економија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Првите количини гас преку новиот цевковод „Турски тек“, кој поминува по дното на Црното море од рускиот до турскиот брег во должина од 930 километри, ќе потечат на 31 декември оваа година, изјави на конференција за новинарите во Санкт Петербург заменик-претседателот на Управниот одбор на „Гаспром“ Олег Аксјутин, пренесуваат медиумите. 

„Почетокот на испораката на гас преку цевководот „Турски тек“ го очекуваме на 31 декември. Јасно е дека морската делница е веќе завршена. Копнениот дел од руската страна е во целост довршен, додека од турска се готови 73,5 отсто. Очекуваме во ноември сѐ да биде во целост подготвено, а насочени сме кон последната декада на декември“.

Капацитетот на гасоводот „Турски тек“ ќе изнесува 31,5 милијарди кубни метри сино гориво годишно. Едниот крак со капацитет од 15,75 милијарди кубици е наменет за турските потрошувачи, а вториот за европските. Изградбата на морската делница беше завршена во март. Со гас од вториот крак најверојатно ќе се снабдуваат Бугарија, Србија и Унгарија.

Прочитајте повеќе: „Гаспром“ изгради 80 отсто од гасоводот „Турски тек“