„Комерсант“: Гасот преко „Турски тек“ пристигнува во Бугарија и Србија во 2020 година

Reuters

Гасоводот „Турски тек” ќе поминува низ Бугарија, Србија, Унгарија и Словачка, се наведува во материјалите на европските оператори на гасните транспортни системи, објавени во рамките на процедурата за резервирање на идните капацитети (open season).

Процедурата за резервирање на идните капацитети на гасните оператори во земјите на Европа е регулирана со законодавството на Европската Унија за изградба на нови гасоводи, пишува „Комерсант“.

Весникот наведува дека гасот преку „Турски тек“ ќе почне да пристигнува во Бугарија и Србија во 2020 година, во Унгарија во 2021 година, а во Словачка во втората половина на 2022 година.

„Во суштина се работи за маршрутата на „Јужен тек“ кој ЕУ го стопираше 2014 година под притисок на САД. Сега ќе биде тешко да се пронајдат замерки на новиот проект, затоа што пристапот на „Гаспром“ е во целост усогласен со законодавството на ЕУ“, пишува весникот.

Компанијата „Булгартрансгас” планира во декември да организира аукција за распределба на идните капацитети на влезот на гасот во бугарскиот систем од Турција и на неговиот излез во Србија. Капацитетот на влезот, кој може да се резервира од 1 јануари 2020 година на 20 години, изнесува 15,8 милијарди кубни метри гас, што е во целост во склад со капацитетот на едниот крак на „Турски тек“, додека на излезот од Бугарија станува збор за 4 милијарди кубни метри гас. Меѓутоа, од 1 јануари 2021 година е предвидено капацитетот на излезот од Бугари да се зголеми на 11 милијарди кубни метри.

Во понеделникот бродот Pioneering Spirit го заврши во Црното море поставувањето на морската делница на гасоводот „Турски тек“. Атина во средата изрази заинтересираност „Турски тек“ да се продолжи до територијата на Грција.

Погледнете го видеото: Како Путин и Ердоган ја завршија изградбата на морската делница на гасоводот „Турски тек“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња