Видео: Како Путин и Ердоган ја завршија изградбата на морската делница на гасоводот „Турски тек“

Kremlin Pool/Global Look Press
На 19 ноември претседателот на Русија Владимир Путин учествуваше на церемонијата на завршување на изградбата на делот на гасоводот „Турски тек“ под Црното море.

На дното на Црното море се поставени вкупно 1800 км цевки на длабочини и до две и повеќе илјади метри и изградбата на морската делница на гасоводот „Турски тек“ е завршена.

Претседателот на Русија на церемонијата на завршувањето на изградбата на морскиот и најтежок дел од гасоводот изјави дека „Турски тек“ ја покажа ефикасноста на соработката со Турција во решавањето на најтешките проблеми.

„Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган покажа храброст и политичка волја за спроведување на проектот за изградба на гасоводот „Турски тек“, рече Путин.   

Турција никогаш нема да биде место на кое ќе се кршат суверените права, ниту земја на која некој може да врши притисок, рече Реџеп Таип Ердоган. „Ние никогаш не ги градиме односите во зависност од мислењето на трети земји“, додаде тој.

Владимир Путин нагласи дека „Турски тек“ не е насочен против било чии интереси, дека покажува дека земјите-учеснички се способни да ги заштитат националните интереси и дека проектот има за цел јакнење на односите меѓу земјите, создавајќи стабилни услови за економски развој, а со тоа и за подобрување на благосостојбата на народите. 

Путин уште наведе и дека Русија и Турција ќе остварат трговска размена од 100 милијарди долари. „Уверен сум дека „Турски тек“, како и нашите други заеднички стратешки проекти, како и првата нуклеарна централа во Турција „Акују“, ќе станат симбол на постепен развој на мултилатералното руско-турско партнерство и залог на пријателството на нашите народи“, рече рускиот претседател.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња