Новак на маргините на Руската енергетска недела изјави дека постојат повеќе верзии за продолжението на вториот крак на „Турски тек“ кој води до Европската унија, како што е тоа, на пример, Грција-Италија, но и рута „преку Турција до Бугарија“, а потоа низ „Србија, Унгарија и Австрија“, ги пренесуваат руските медиуми зборовите на министерот. Како што нагласи тој, во овој момент во тек е проширување на гаснотранспортната инфраструктура во наведените земји. Приоритетен е „правецот во насока на Бугарија и Австрија“, бидејќи со сите тие земји се „потпишани патни мапи на развој на гаснотранспортната инфраструктура“. Освен тоа, „роковите се во целост усогласени со изградбата на „Турски тек“.
Гасот во двата крака на гасоводот, со вкупен капацитет од 31,5 милијарди кубни метри, може да биде пуштен на 1 јануари 2020 година. „Турски тек“ е проект за изградба на гасоводот чии два крака, секој со по 15,75 милијарди кубни метри, водат по дното на Црното море од Русија до Турција. Првиот крак е наменет за испорака на гас на турските потрошувачи, а вториот за транспорт на синото гориво во јужна и југоисточна Европа.
Руската енергетска недела се одржа од 3 до 6 октомври во Москва. Претседателот на Русија Владимир Путин претходно изјави дека едниот крак на „Турски тек“ би можел да поминува низ Унгарија. Претседателот на Управниот одбор на „Гаспром“ Алексеј Милер најави дека морската делница на гасоводот „Турски тек“ ќе биде завршена за два месеца.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче