„Гаспром“ изгради 80 отсто од гасоводот „Турски тек“

Global Look Press

„Гаспром“ постави 1500 километри цевки и на тој начин изгради 80 отсто од гасоводот „Турски тек“, изјави претседателот на управниот одбор на рускиот гасен холдинг Алексеј Милер.

„Гаспром“ продолжува да ги реализира важните извозни проекти во правец на Европа. Во тек се подготвителните работи на поставувањето на цевките за гасоводот „Северен тек 2“ во територијалните води на Германија на подрачјето на Лубмин. Се гради гасоводот „Турски тек“, на трасата на двата крак се поставени 1500 километри цевки што изнесува околу 80 отсто од должината на гасоводот“, нагласи тој.

„Гаспром“ ја почна изградбата на морската делница на гасоводот „Турски тек“ во должина од 930 километри во мај минатата година. Цевките ќе бидат поставени под Црното море до брегот на Турција. Копнениот транзитен (втор) огранок ќе води до границата на Турција со одредени земји, а неговата должина ќе биде 180 километри.

Првиот огранок е предвиден за турскиот пазар, а вториот за снабдување на земјите од јужна и југоисточна Европа. Капацитетот на секој крак ќе биде 15,75 милијарди кубни метри гас годишно. Со испорака на гас ќе се почне кон крајот на 2019 година.

Рускиот енергетски гигант „Гаспром“ и владата на Турција потпишаа кон крајот на мај протокол за копнениот дел на гасоводот „Турски тек“ за испорака на руски гас за европските потрошувачи. Заменик-претседателот на управниот одбор на „Гаспром“ Александар Медведев изјави дека компанијата во најскоро време дефинитивно ќе ја одреди рутата на вториот крак на гасоводот наменет за снабдување на земјите од јужна и југоисточна Европа. Според него, во овој момент се разгледуваат две главни варијанти во согласност со процедурите во Европската Унија и Европската комисија. Како потенцијални пазари тој ги спомена Грција, Италија, Бугарија, Србија и Унгарија.

Милер претходно изјави дека гасот по другиот крак на „Турски тек“ би можел да стигне до гаснотранспортните системи на Бугарија, Србија и Унгарија во 2020 година.

Прочитајте повеќе: „Гаспром“ постави светски рекорд во градењето на гасоводот „Турски тек“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња