Во целиот свет во 2018 година за воени потреби биле издвоени 1,8 билиони долари, што е за 2,6% повеќе во споредба со претходната година, пренесува агенцијата РИА „Новости“.
Истражувањето покажа дека Русија во 2018 година за воени потреби потрошила 61,4 милијарди долари, што значи дека во однос на 2017 година расходите на воениот сектор се намалени за 3,5%. Така Русија го зазеде шестото место на ранг-листата на земји по износот на пари издвоени за потребите на армијата.
Петте водечки земји на листата се САД, Кина, Саудиска Арабија, Индија и Франција. Тие издвоиле 60% од вкупните пари потрошени во светот за воени потреби. Најголем пораст на воениот буџет е забележан во Турција – таа во 2018 година вложила во армијата 24% повеќе пари отколку претходната година.
Високо темпо на раст на воениот буџет се бележи и во некои земји од Централна и Источна Европа.
„Растот на воените расходи во Централна и Источна Европа во голема мера е поврзан со сѐ повеќе присутната претстава за заканата што ја претставува Русија“, објаснува Питер Веземан, виш научен соработник на Програмата за вооружување и воени расходи на SIPRI.
Украина потрошила 4,8 милијарди долари, што значи дека ги зголемил воените трошоци за 21% во однос на 2017 година. Расходите на Полска се поголеми за 8,9% (11,6 милијарди долари), додека расходите на Бугарија, Латвија, Литванија и Романија, исто така, се зголемени за 18-24%.
Претходно заменик-министер за надворешни работи на Русија Сергеј Ријабков изјави дека Русија никогаш нема прва да започне трка во вооружување и нема намера да се заканува било кому во врска со плановите на САД да го напуштат Договорот за ликвидирање на ракетите со среден и мал дострел.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче