„Бизнис Инсајдер“: Руската армија во ТОП-3 најсилни на светот

Free Wind 2014/Shutterstock
Американскиот интернет портал ја направи најновата ранг-листа на најсилните армии на светот. При нејзината изработка беа земени предвид 50 различни параметри.

Според публикацијата на американскиот интернет портал „Бизнис Инсајдер“, руската армија го зазеде високото второ место во рејтингот на светските армии, се разбира, веднаш зад САД. При оваа анализа нејзините автори зедоа предвид 50 различни параметри како што е квалитетот на различното вооружување, мобилизацискиот потенцијал, природните ресурси и други фактори. Текстот го пренесе рускиот интернет портал РИА „Новости“.

Земјата со највисок рејтинг и понатаму се САД. Вкупната бројност на американските војници и офицери изнесува околу два милиона луѓе (активниот воен состав и резервата). Армијата има околу 6 илјади тенкови, повеќе од 13 илјади авиони од кои 2 илјади ловци, како и 415 различни поморски пловила. Одбранбениот буџет на САД е проценет на 647 милијарди американски долари.

Второто место го зазема руската армија. Нејзината бројност е поголема од 3,5 милиони луѓе (офицери и војници). Според изворите на овој портал, во состав на руската армија се наоѓа воздухопловна флота која брои 4 илјади авиони, повеќе од 20 илјади тенкови и 352 различни поморски пловила. Според изворите на американскиот портал, воениот буџет што се издвојува за руската армија изнесува 47 милијарди американски долари.

На третото место се наоѓа Војската на Народна Република Кина. Нејзиниот состав брои повеќе од 2,5 милиони луѓе, а количината на воздухоплови надминува 3 илјади единици борбена техника. Нејзините копнени сили бројат малку повеќе од 7,5 илјади тенкови и 714 различни поморски борбени пловила. Воениот буџет на Народно-ослободителната армија на е проценет на 151 милијарда американски долари.

Во ТОП-10 влегоа и армиите на Индија, Франција, Велика Британија, Јужна Кореја, Јапонија, Турција и Германија. При составувањето на овој рејтинг на новинарите на американскиот портал им помогнаа извори од сајтот Global Firepower.

Прочитајте повеќе: Путин им вети на војската и морнарицата опремување од големи размери

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња