Путин: Русија ќе го зголеми производството на течен природен гас

Kremlin.ru

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека Русија ќе ги зголеми капацитетите за производство на течен природен гас.

Рускиот претседател преку видеолинк учествуваше во церемонијата на испорака на произведен течен гас од фабриката „Криогас-Висоцк” во Ленинградската област, пренесуваат медиумите.

„Фабриката ја очекува добра иднина. Глобалниот пазар на течен природен гас се развива со голема брзина, интензивно. Побарувачката е во постојан пораст и во нашата земја и во светот. Сакам да истакнам: Русија постојано ќе ги јакне капацитетите за производство на течен гас, за да во тој сегмент на пазарот да заземе достојно место“, истакна шефот на руската држава.

51% од компанијата „Криогас-Висоцк” е сопственост на „Новатек”, а 48,9% припаѓаат на банката „Гаспромбанк”. Компанијата се занимава со изградба на терминали за производство и претовар на течен природен гас во Висоцк, чиј капацитет е 600 илјади тони годишно.

Вториот дел од капацитетите на фабриката ќе почне со работа во 2020 година, рече Путин.

„Во план е, колку што ми е познато, и втората етапа на проектот со капацитет од преку 1 милион и 100 илјади тони течен природен гас годишно. Се очекува дека овој дел на фабриката ќе почне со работа до крајот на 2020 година“, истакна претседателот.

Прочитајте повеќе: Приходите на Русија од извоз на течен природен гас повисоки 2,2 пати

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња