Русија и понатаму го освојува пазарот на извоз на нафта и гас

MIT Russia/via Globallookpress.com

Во наредните две децении Русија и понатаму ќе биде најголем извозник на нафта и гас. Тоа е прогнозата на една од најголемите нафтени компании – британската BP, се вели во извештајот за перспективите на светската економија.

Русија во наредните 20 години ќе покрива пет проценти од светската побарувачка за примарни енергетски ресурси и ќе произведува до 14% нафта и гас, тврдат стручњаците на британската нафтена компанија. Нивото на производство на црно злато во земјата ќе достигне 12,5 милиони барели дневно.

Показателите за Русија од минатата година се рекордни: се работи за производство на 11,5 милиони барели нафта и 733 милијарди кубни метри гас дневно. Извозот на синиот енергенс е зголемен за 9,3% и достигна 245 милијарди кубни метри.

Конкуренцијата меѓу најголемите производители на енергетски ресурси наредниве години ќе се зголеми. Пред сѐ на пазарот на гас. Тоа значи дека Русија, кога зборуваме за гас, ќе им ја отстапи водечката позиција во поглед на производството на САД, но и понатаму ќе биде најголем извозник. Што се однесува до нафтата, Русија ќе го зазема третото место според производството, веднаш зад САД и Саудиска Арабија. 

Меѓутоа, аналитичарите истакнуваат: не е толку важен распоредот на табели според количината на производство колку можноста да се влијае на пазарот. Денес ситуацијата во светската нафтена индустрија ја диктираат најголемите учесници во договорот ОПЕК+: Русија и Саудиска Арабија. 

„И покрај доаѓањето на американскиот течен природен гас во Европа, распоредот на силите на овој континент само незначително се промени. Како прво, танкери имаше многу малку. Како второ, Русија ги удвои напорите за привлекување на европски купувачи на гас од гасовод“, истакнува американскиот аналитичар Нил Канингем. 

„Русија ги има сите можности да нуди поевтин гас од американските производители каде било на светот. „Гаспром“ може да удри на конкуренцијата како на европскиот, така и на азискиот пазар. Москва во оваа игра и понатаму го победува Вашингтон”, заклучува Канингем.

Прочитајте повеќе: Германски медиуми: Европа не може да преживее без рускиот гас

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња