Светски енергетски совет: Русија била и ќе биде енергетска суперсила

Global Look Press

Русија ќе биде енергетска суперсила независно од тоа во кој правец ќе се развива меѓународната енергетика, изјави во интервјуто за РИА „Новости“ генералниот секретар на Светскиот енергетски совет Кристоф Фрај.

„Мислам да Русија има огромни можности. Како и да се промени енергетиката, Русија била и ќе биде енергетска суперсила”, рече тој.

Според зборовите на соговорникот на агенцијата, Русија не само што е богата со природни ресурси и обновливи извори на енергија, туку може да му понуди на светот и нови технологии за развој на таквата енергетика, конкуренцијата во таа област е огромна.

Светскиот енергетски совет е најголемата меѓународна енергетска непрофитабилна организација. Тој ги застапува интересите на повеќе од три илјади енергетски компании од 94 земји во светот. Русија е членка на оваа организација.

Прочитајте повеќе: Путин го означи почетокот на работите на Харасавејското наоѓалиште со огромни резерви на гас

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња