Француски „Тотал“ високо ја оценува конкурентноста на рускиот гас

Global Look Press

„Рускиот гас е многу конкурентен, а неговите резерви на полуостровот Јамал можат да се споредуваат со резервите на Катар“, оценува Арно Брилак, раководител на одделението за истражување и експлоатација во француската компанија „Тотал“.

Како што забележува тој, високата конкуренција на пазарот на гас придонесува за развој на конкуренцијата на течниот природен гас. По тој повод тој ги истакнува проектите на руската компанија „Новатек“ за ликвидификација на гасот, чиј акционер е „Тотал“.

Според него, до 2040 година пазарот на течен природен гас би можел да го надмине по обемот на продажба пазарот на природен гас кој се транспортира по цевководи.

„Пазарот на течен природен гас е многу потценет. Во последните две години тој растеше со темпо од 9 отсто годишно. Меѓутоа, ние сметаме дека во перспектива до 2040 година ќе расте во просек од 5 отсто годишно. Всушност, ќе се зголеми од 2,5 до 4 пати во текот на 20 години, а обемот на продажба на течен гас ќе го надмине обемот на продажба на гас од цевковод“, рече Брилак говорејќи на конференцијата CERAWeek, која во Хјустон ја организираше компанијата IHS Markit.

„Притоа пазарот на течен гас во овој момент активно се диверзифицира“, додаде неговиот колега, шефот на гасното одделение на „Шел“ (Shell) Мартин Ветсалер. Според него, производителите на течен природен гас сега се ориентираат повеќе на компактни потрошувачи и помали според обемот пазари.

„Тотал“ купи од „Новатек“ десет отсто во проектот „Арктик СПГ-2“.

Прочитајте повеќе: Русија и понатаму го освојува пазарот на извоз на нафта и гас

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња