Приходите на Русија од извоз на течен природен гас повисоки 2,2 пати

Танкерот „Кристоф де Маржери“

Танкерот „Кристоф де Маржери“

Kremlin Pool/Global Look Press

Компаниите Sakhalin Energy и Ямал СПГ во јануари-февруари 2019 година оствариле пораст на приходите од извоз на течен природен гас за 2,2 пати (до 1,439 милијарди долари) во однос на истиот период 2018 година, пренесува агенцијата ТАСС.

Чистиот увоз на рускиот течен природен гас во европските земји во 2018 година изнесувал 4,4 милиони тони, додека САД испорачале во Европската Унија 2,7 милиони тони течен гас, се наведува во годишниот извештај на Меѓународната асоцијација на увозници на течен гас (GIIGNL).

Од почетокот на проектот „Јамал СПГ” руската компанија „Новатек” во текот на 2018 година според количината на извезен течен гас се приближила на САД. Додека извозот на американски гас во 2018 изнесувал 20,7 милиони тони, извозот на течен природен гас од Русија достигнал 18,4 милиони тони (капацитетите на проектите „Сахалин-2“ и „Јамал СПГ“), пренесуваат медиумите.

Прочитајте повеќе: Русија извезла во Европската Унија повеќе течен природен гас отколку САД

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња